Ивенти

Богати, а чисти форми

Првата самостојна изложба на младиот уметник м-р Бојан Илиевски пријатно ги изненади посетителите во салонот на Кинотеката на Македонија. Илиевски создал дела наменети за секојдневна употреба кои со апстрактните форми и беспрекорната естетика бездруго ќе го разбудат и разубават просторот околу нас. Навидум студениот современ дизајн е облагороден со асоцијации иманентно врзани за човекот, човеково- то тело и човековите потреби.