Ивенти
Пристигна новото Ford Ka

Препознатливиот младешки дух на оригиналното „ка“, лансирано во 1996 година, е освежено со нов смел дизајн, како во екстериерот така и во ентериерот. Новиот „форд ка“ ги има сите карактери- стики потребни за еден фаворит ав- томобил - сигурен, практичен, удо- бен и евтин за одржување. Според она што го видовме на промоцијата во „Ми-Да моторс“, убедени сме дека „кa“ ќе биде избор на сите динамични млади луѓе што се во потрага по компактно, а возбудливо возило со стил.