Ивенти

Чудесниот свет на танцот – Јубилејно издание на Танц-фест

Петтото издание на Танц-фест ќе се одржи од 7 до 16 април, а годинава програмата ќе биде збогатена и со проекции на шведски танцов филм. На 9 април во Музејот на современата уметност ќе го видиме „Квартет“ во кореографија на Рисима Рисимкин, со што ќе се најави и основањето на прв Танцов театар во Скопје. За јубилејното издание на фестивалот што за краток период прерасна во двигател на уметноста во Скопје, академскиот сликар Сергеј Андреевски наслика десет графики инспирирани од танцот, а една од нив е отпечатена во ограничено издание и ќе ја добијат оние што го поддржу- ваат Танц-фест од самиот зародиш. Годинашен добитник на наградата за врвни достигања во танцот - „Менада“, е интер- националната примабалерина Ирена Ветерова, која со својата дарба остави печат како на македонската така и на европска- та културна сцена.