Ивенти

Ракотворби за сечиј вкус

Традиционалниот мартовски базар на ракотворби во КИЦ и годинава ги освежи првите сончеви денови. По- сетителите имаа прилика за симбо- лична цена да добијат уникатен пред- мет изработен од трпеливите раце на креативните занаетчии, кои пред себе ги наредија разнобојните садови од фузирано стакло, необичниот плетен накит, разиграните форми на шноличките од волна, накитените ко- рици на оригиналните нотеси, малите и големи честитки на кои слетале пеперутки... Најдоброто место во градот за одбирање подарок за драга личност или за своја душа.