Патуваме

Старата Старата скопска чаршија

тарите еснафи велат дека на времето важела изреката „ако го посетиш Скопје, не си видел ништо ако барем за миг не застанеш на калдрмата во Старата скопска чаршија”. Данило Коцевски ќе забележи: „Калдрмата не е камен, калдрмата е душата на градот. Негово минато, негова сегашност, сите наши љубови и детски мечти”. Моите потпетици и сега (денес) исто така потчукнуваат кога минувам низ чаршијата, рефлектирајќи го нејзиното минато. Се обидувам на прсти да избројам колку пати во минатата година бев таму?!. Неколку: на „Ба- зарот на стари занети”, на ,,Звуците на Чаршијата” на „Белата ноќ” и да, уште еднаш во минатото лето, кога се враќав преку неа од Музејот на Македонија. Премалку. Како живее Старата скопска чаршија денес? Тешко. Денот убав, пролетен. Дуќаните отворени. Во кафулињата понекој гостин и тоа седнат надвор. Се понадевав дека ќе се вратам во времето кога во Чаршијата вриеше како во кошница. Стариот лимар е сè уште тука. Ми вели: „Не можам да си ја платам ниту струјата, ниту водата... за те- лефонот и да не зборам, но немам каде да одам”. Мајстор, еснафлија, изгледот стокмен како што и при- лега, но вели, рацете по цел ден му се „чисти - некогаш ниту со денови некој да влезе”. И така 10 години. Продолжувам погоре кон ќебапчилницата „Сараево”. Си велам, занаетите изумираат, но луѓето мора да јадат. На скарата се вртат ќебапчиња и тавче-гравче. Внатре случаен намерник со кафе пред себе. Има ли работа? - пра- шувам, иако одговорот е повеќе од очигледен. „Ништо - ми вели сопственикот - ни да се закрпи”. Одам карши - туристичка агенција. Се надевам на некој поведар одго- вор. Енвер ми вели: „Слабо доаѓаат луѓето, многу слабо. Ви се верува ли дека Чаршијата нема своја мапа, своја карта? Ми влегуваат често странци и ми бараат карта, а јас од срам не знам што да им кажам, дека оваа чаршија нема своја кар- та, своја разгледница, свој патоказ? Жално е, навистина е жално. Ние немаме ниту едуцирани туристички водичи кои би знаеле јазици и кои би ги прошетале гостите. А толку младина е без работа. Студенти, волонтери има колку сакаш? Ама не треба само ние да сакаме. Треба некој тоа да го направи. Верувајте, на оваа чаршија не и треба многу за да блесне. Мислам дека 10.000 евра се плафон... Само луѓе и тре- баат, оние што ја сакаат”. Бит-пазар, полн. Петок е пазарен ден. Зеленчук, овошје, црвен пипер, црн чај - тежат тезгите. Продавачите велат дека прометот им е намален, но тоа тие го припишуваат на финансиската криза, која се чувствува и тука. Ако тука се доаѓало да се купи „на големо”, сега тоа големото е многу помало. „Немаат луѓето пари, а види, погледни ги портокаливе, како сега од дрво да се набрани”, ми вели Мара, како ја нарекуваат уште и мане- кенка, бидејќи неа постојано ја сликале. Го вртам кругот назад, кон центарот на Чаршијата. Погледнувам, многу дуќани се рено- вираат. Тоа значи дека луѓето сакаат да опста- нат и да продолжат. Инвестираат за иднината. Но, повторно песимизам. Влегувам во дуќан во кој се продаваат свеќи и позамантерија за свечености. Синот го наследил дуќанот од мајка си. Тука е 34 години. Бил и сè уште е со почет- ната намена. Но тешко, многу тешко е... „Немам каде”, ми вели. До него златар. „Дуќанов е тука 40 години и еве, да не ми е весников и чај со некој од комшиите, по цел ден ќе седам тука сам. Ајде да ми каже некој дали се сега задоволни? Што се обидоа да нè уништат? Им се направи ли ќефот со Тргов- скиот, со „Рамстор” и со не знам кој уште тргов- ски центар, за да ни ја затворат Чаршијата?” Долги години поради нашата небрежност Чаршијата го губеше „своето”, со неколкуте дуќани што одвај успеваат да зачуваат дел од нејзината некогашна душа. Денес посетители има, но малкумина од нив се заинтересирани за рачно изработените творби што со векови се пренесувале од колено на колено. Недо- стигаат неповратно изгубени дуќани. Каде се крзнарите Трајко, Јован, чевларските семејства Вучидолови, Ангелкови, мутавџиите Крсте, Никола, Петруш. Казанџијата Симчо, кујунџијата Николаќи… Хаџи Мехмед Река, Далиб Осман, Сали Чауш… Ех, а не така одамна голем мерак беше да се седи во кафеана, тука пред Безистен, да се грицкаат семки и леблебии, но и да се прошета по околните еснафски про- давници и да се купи штотуку „симнатиот” чевел во „Ами” или, пак, да се прочепка низ Женски пазар, за метро ткаенина, конец, завеса... Пред мене Капан ан, а пред него „Турист”. Стојат масите и чекаат гости. Келнерот, кој е тука триесет години, ми вели: „Нема, нема многу гости, но и кон овие малкутемина треба да се однесуваш како што треба. Тоа е разликата меѓу еснафлија и минатото време. Времето некако ни се запре кога мостот почнаа да го реновираат. Буквално како тогаш да се стави рампа што велеше - не одете во Чаршија. Многу време помина, десет години, тешко е да се вратат луѓето, навиката е во прашање. Мене ми е жал што странциве доаѓаат и се интересираат за Сули ан, за Капан ан, за црквата „Св. Спас”, а ние домашните не си ги знаеме овие места. Жална е оваа приказна”. Навистина жална. Но еве, да тргнам и од себе. Зошто моите деца треба Сули ан, Безистен, Куршумли ан, Чифте амам да ги запознаваат преку сликите од учебници- те? Зошто за трајните културни наследства што двете најголеми религии на овој наш простор, христијанството и исламот, ги „послале” низ минатото… не учат на самото место, бидејќи тие се на највпечатлив начин токму тука, во Старата скопска чаршија.