Патуваме

Моите часовници го знаат местото на гробот на АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ

  • Силвана БРКУЉАН


     Триесет години чекав и знаев дека ќе ја најдам! Да сум жив и здрав, ќе најдам уште. Барем уште две“ - ова веше Вашата реченица што предизвика „силни емоционални“ бранувања. Љупобитноста што беше поврзана со ова епохално от- критие требаше да биде потврда дека, до Вас, археологијата и историјата биле занемарени и маргинализирани?!

    Паско
    : Златната ритуална маска, да... Ако нешто реално многу сакате, ако сте опсед нати со тоа, ако го сонувате како платонска љубов и ако тоа НЕШТО постои барем во вашата потсвест, тогаш зошто да не ви се оствари тој сон? Зошто да не ве допре ЈАВЕТО? Мене тоа често ми се случувало... Но, освен тоа, треба реално да постои и нешто друго. Треба да бидете во вистинското ВРЕМЕ, треба да биде тоа вашето ВРЕМЕ, треба да ги имате околностите, условите, луѓето со кои работите, зад кои вие стоите и луѓето кои стојат зад вас. Тоа сето јас го имав: и луѓето кои беа во сондите зад кои јас стоев и луѓето кои стоеја зад мене со силна поддршка. Тоа беше во 2002 г. Што се однесува до вториот дел од прашањето, дека до мене „археологијата и историјата биле занемарени и маргинализирани“, ќе ви одговорам со следната мисла: јас постоев и порано, ама немаше луѓе што го почитуваа минатото, такви луѓе ЗАД МЕНЕ немаше. Бадијала бев јас ако ги немав луѓето што ми веруваа и ме поддржуваа. А се знае кои беа тогаш... На чело им беше тогашниот македонски премиер-поет.
      На локалитетите Плаошник и кај Самуиловите тврдини во Охрид се откриени нови, исклучително вредни археолошки наоди, со кои се потврдува континуитетот на живеењето и развојот на цивилизацијата на овие простори. Колку некрополата на Самуиловата тврдина е глобално детерминирана и во хронолошка и во етничка смисла?

    Паско
    : До неодамна не се знаеше и немаше материјални податоци за најстарото населбинско јадро на Охрид. Сега е речиси сосем јасна хронолошката вертикала на овој наш град. Најстарата населба била во рамничарскиот дел покрај брегот од езерото, источно од охридскиот рид, некаде денес од градската пошта до Охридатите. На овој простор постоела моќна соеничарска населба со богати културни слоеви од крајот на стариот неолит до развиенио железен период од праисториската епоха. Она што првпат се откри последниве неколку години на Плаошник и на Самуиловата тврдина е фактот дека баш кон крајот на бронзениот период и во железниот период жителите од мочурливата низина покрај езерото полека го населувале западниот (повисокиот) дел од охридскиот рид, односно целиот простор од Самуиловата тврдина/Цитаделата до зарамнетото плато на Плаошник. Тоа непобитно го потврдува појавата на населбинската сликана мат-керамика и гробовите-цисти, со богати гробни прилози од железниот период, меѓу кои особено појавата на таканаречените македонски бронзи во разни варијанти, кои досега беа доминантни само на локалитетите во источ- ниот дел на нашата Македонија. Ова е исклучително откритие што го потврдува фактот дека населението во овие делови од Македонија во етничка смисла е сличнородно, односно дека несомнено се работи за старомакедонски племенски етнички супстрати. На Самуиловата тврдина и на Плаошник старомакедонскиот етнички елемент може да се следи континуирано и натаму со материјалната култура што беше откриена првпат на овие два големи локалитета на охридски- от повисок рид: гробови со богати гробни прилози (злато, сребро, бронза, кера- мика) од македонско-хеленистичкиот период и други вонгробни наоди - керамички предмети со соларни симболи, со втиснати претстави ма македонскиот штит, како и автономни монети на Лихнидос ковани во самиот град, а со претста- ва на македонскиот штит. Овие се непобитни материјални докази. Со доаѓањето на Римјаните во 2 век пр.н.е. започнува петвековното етничко мешање на овие простори, кое е евидентно во карактеристиките на материјалната култура од тој период, потоа со доаѓањето на Словените продолжува натамошното етничко мешање меѓу Старомакедонците, Ромеите и словенските маси повеќе од девет векови, кое продолжува извесно време со бугарските и српските словенски елементи, за да се заокружи со петвековното отоманско присуство, кое исто така оставило материјални траги во археолошката почва на Плаошник и Самуиловата тврдина. Притоа се разбира неминовниот филозофско-историски постулат: во основата секогаш е фундаментот - темелите, а потоа над нив се гради и надградува „куќата“...

      Маркетиншки гледано, секоја Ваша акција (а ги има многу) е одлично медиумски проследена. Постои ли некој што ве води во сето тоа?

    Паско: Постои начин на интерпретација, постои стил на изнесување на парадигматични мисли и факти, постои интерес за магијата на археологијата. Јас сум тука немоќен, моќна е податливоста и привлечната сила на минатото, тоа огромно време како некоја далечна и непозната иднина кон која сите масовно и неповратно одиме.

      Познат сте како човек кој може да се „пресели во минатото исто така лесно како и во иднината“. На левата рака носите три часовници: едниот за патот кон бронзениот период и неолитот, вториот е за „патувањата во иднината“, а третиот е Вашиот сензор што ве води до откритијата. Шегата настрана, но колку денешните научно-политички „кујни“ Ви овозможуваат или пак Ве детерминираат во работата?

    Паско
    : Делумно одговорив погоре. Поради тоа „денешните научно-политички ‘кујни‘“, како што ги нарекувате, ми овозможуваат да функционирам во рамките на мојата професија, односно овозможуваат, преку мене, да работаат и да се реализираат, повеќе или помалку, сите мои колеги. Така, всушност и обратно, се реализираат и „кујните“. Значи, заемно си овозможуваме, односно заемно си ги „детерминираме“ работите.

      Некако на овие наши простори за сегашноста често се користат историски категории, како што и решавањето на иднината се бара во минатото, на еден посебен митологизиран начин. Колку сметатe дека „колективното“ паметење и идентитетот на нацијата денес ја пренесува професионалната класа на градители на идентитет и институции (училиштата или пак граѓанската администрација) развиени во еден модерен период?

    Паско: Тоа се случува затоа што сè уште не сме доволно државотворна „супстанција“. А сосем друго е тоа што велите дека „се барало“ решавањето на иднината во минатото „на еден посебен митологизиран начин“. Посебниот „митоло- гизиран начин“, како синтагма, го создадоа лажните космополитизирани интелекту- алци кои, сакајќи да бидат конструктивна опозиција, ја критикуваат власта преку критика кон романтичарските „научници“ кои, ни криви ни должни, намерно се ставени во закрила на власта. Не се бара така иднината, туку е тоа единстве- ниот начин преку искуствата од минатите цивилизации да се гради иднината. Инаку, јас сум цврсто убеден дека многу наши „силни денешници“, особено оние од по- литичкиот естаблишмент, многу наши ѓоа дури големи интелектуалци, сè уште незнаат што значи поимот идентитет, а што е уште потрагично, особено немаат поим што е тоа македонски идентитет. Професионалната класа градители на идентитетот и институциите развиени во еден модерен период, како што велите, иден- титетот на нацијата го пренесуваат како да е тоа некаков „мртов капитал“, а не една жива материја која тече низ нашето национално битие. Тоа ќе мора да се измени во иднина, особено и заради тоа што навистина имаме густи слоеви на иденти- тетна маса создавана во минатото. И, колку помал- ку плачат плачковците по нивната иднина без покритие, толку повеќе ќе созрева сегашноста со искуствата од минатото, за да се гради иднина со покритие. Благодарејќи Ви и Вам, археологијата стана национален бренд. Чувствувате ли потиснат притисок постојано и постојано да ни откривате нешто „старо“? Паско: Не чувствувам ни приближно по- тиснат притисок постојано и постојано да откривам нешто „старо“, бидејќи секо- гаш се чувствувам богат со откритија во душата и секогаш така богат „се враќам од планината, полна ми пазува со волчиња!“. За Библијата се вели дека е трајна инспирација на човековиот род: за христијаните таа е света и канонска, за историчарите - извор на податоци, за сликарите и филозофите - инспирација за епохални дела, а за археолозите - патоказ кон ископувањата? Паско: Така е, ама е тоа една димензија на посебни возбуди, како и димензијата на Атлантида или, на пример, димензијата во која се трага по цивилизацијата Му. Архео- лозите се главно уметници на обичната почва. Тие, таквите, се реалноста на наука- та. Другите, оние со Библијата, Атлантида и цивилизацијата Му, како и оние што раз- мислуваат за астрономската археологија, се „одбраните“ кои умеат да останат цели во археолошката наука и истовремено да создаваат и археолошката белетристика, односно археолошката научна фантастика. Блазе си им! Познатиот професионален патописец и авантурист Ричард Бенгс за Вас ќе рече: „Со ликот, Паско е вистинска копија на Ентони Хопкинс во улогата на изгубениот антрополог во филмот ’Инстинкт’. Лицето му го осветлува некаков натприроден сјај како на иконите, неговата долга коса е бушава, а во душата е немирен како куче-скитник. Исто како и неговиот херој Александар Велики, кој го одушевува и кого го опишува како ’филозоф во акција’“. Ви „тежат“ ли зборовите кога некој сака да даде објаснување за вас? Паско: Поцрвенувам. Во таквите околно- сти зборовите тежат како и зрелите гроз- дови на лозинките во зрела есен! Не знам дали би можел да живеам без чувства, не знам дали кој било човек, дури и куче- скитник може да живее без чувства! Дали вашите часовници и ,,временски машини“ можат да ни навестат каде е гробот на Александар Велики? Паско: Не навестуваат. Точно знаат. Само јас го чекам вистинскиот момент на светската историја и вистинскиот момент за светската татковина. Охрид е душата на Македонија. Минатото извира безмалку од секој камен. Вие на некој свој начин не се мрднувате од него. Очигледно Лихнида ве маѓепсала. Но, до каде се работите со обновата на Универзитетот на свети Климент на Плаошник? Паско: Лихнида ми беше ѕвезда како и Аптирис од 1 век, онаа Аптирис од епи- тафот, која „како блескава скапоценост и меѓу мртви- те“ ќе сјаела „исто така прекрасна“ како што била и „меѓу живите“, а Лихнитида е моето кралство. Ете зош- то не се мрднувам од Лихни- да, Лихнитида и Енгелана, а што се однесува до Плаош- ник и обновата на Свети- Паско Кузман е роден во Вапила, Охридско. Го носи името на својот прапрадедо Паско, а презимето е од прадедото Кузман. Неговото најблиско семејство е во знакот на четирите ќерки и сопругата Нада, која е исто така археолог. Член е на ДПМ од 1992 година, а претседател на Македонското археолошко научно друштво бил десет години. климентовиот универзитет, работите стојат вака: сè уште трае меѓународниот конкурс за идејно решение, а ќе трае речиси уште еден месец, по што ќе се работи идејниот и главниот проект уште четири до шест месеци. До крајот на годи- ната би требало да заврши и тендерот за реализација на проектот, што пак значи, кон почетокот на идната година да за- почне и самата реализација на проектот. Инаку, во проектната содржина стои дека комплексот ќе ги содржи следните објекти и институции: Музеј на Плаошник, Светиклиментова библиотека, Галерија на икони, Македонски институт за хума- нистички науки, Светиклиментова школа за конзервација, Богословски факултет, манастирски комплекс и афилијации на повеќе светски универзитети. Со децении сте во археологијата. Агата Кристи рече: „За жената е најдобро да има маж археолог - секогаш ќе му биде млада“. Дали сè уште ја чуствува возбуда- та во она што го работите? Паско: Возбудата во археологијата е како постојана еротика. П.К. ќе рече: „За мажот е најдобро да има жена археолог - секогаш ќе му биде млада“, односно, или пак, жената археолог колку е постара, толку е поубава!