Под кожа

Стануваме се поимуни на злото

За жените...
Без жените светот ич не би чинел. Како ни филмовите. Досадно би ми било да правамфилмови без жени.
За смеата...
Секогаш има причина засмеа. Зависи како гледаме нанештата. Секој од нас на некој начин е смешен. Најсмешни, секако, се оние најсериозните. Сепак, постои разлика меѓу смеење и исмевање.
За што се кае...
Не научив да свирам пијано ибев многу мрзлив за јазици. Имав многу толерантни родители и понекогаш им го замерувам тоа.
Како се разонодува...
Долго време не го правев тоа, но сега повторно почнав давозам ролерки.
За музиката...
Ја сакам класичната, но и чешката музика. Секој ја носи музиката од своето детство имладост. Немам „уво“ за сето она што дојде по „Битлси“.
За односот кон младите автори...
Секогаш има некоја генерациска љубомора меѓу младите и постарите автори. Младите автори ме сметаат за старомоден.
За западот...
Западот во својата тага по знаењето анализира и доколку сака да го запознае цвеќето, го разделува на парчиња, за да може полесно да го опише. Источниот филозоф нема потреба од опис или попис. „Амаркорд“ на Фелини за мене е еден таков голем шарен букет.
  • Мимоза Петревска ГЕОРГИЕВА

Во вашето творештво многумина гледаат одраз на еден типичен чешки сензибилитет.Се сметате ли себеси за типичен Чех?
Менцел: Да, јас сум типичен Чех, барем такамислам, но не сум премногу среќен поради тоа.

Зошто?
Менцел: Колку што сум постар, толку повеќеги осознавам лошите особини на чешкиоткарактер. Ние не сме полоши од останатите,но кај Чесите многу работи ми пречат.

Има ли промена во чешкиот сензибили-тет последниве децении?
Менцел: Мислам дека Чесите во големамера се променија во последните 20 години.Станаа многу поразгалени... Историјата коннас во минатиот век беше релативно поблагаотколку кон другите народи. Ние немавметолку многу жртви во војната, а нашата ре-публика дојде речиси како подарок. Мисламдека не го почитуваме тоа онолку колку штоби требало. Јас сум Чех, патриот, ја сакамЧешка и токму поради тоа сакам реално даги согледам нашите грешки и да видам вошто би можеле да бидеме подобри.

Во фокусот на вашите приказни е обич-ниот човек и неговите релации со средината,зачинето со многу хумор. Сепак, светот воизминатите 100 години претрпе страшнитурбуленции на многу нивоа. Чувствувате липоместување на вашиот уметнички интерескон поинакви приказни, потипични за ваква-та денешница?
Менцел: Па, не. Сепак, сега малку повеќезнам за животот отколку порано. Но, не мис-лам дека нешто значајно сум се променил одсвојот прв филм досега. Пред некое времеги прередував работите дома и ја најдовекспликацијата што требаше да ја направамза својот прв филм. Можам да кажам декатаа експликација важи воопшто и за ситемои понатамошни филмови.

Каков е вашиот став за современатафилмска продукција? Одгледавте ли нештоод годинашните оскаровци? Воопшто, иматели време за гледање филмови?
Менцел: Не ја следам претерано совреме-ната филмска продукција. Од годинашнитеоскаровци ми се допадна „Сиромашниот ми-лионер“. Исто така многу го сакам Вуди Ален,но генерално, внимателно одбирам што ќегледам. Животот е премногу краток за да гопреседите во кино.Инаку, во филмот денес се навлезенимногу нови технологии што овозможува-ат правење поевтини филмови. Во овааситуација филмови може да прават и ониешто воопшто не го знаат тоа. Воопшто,младите филмаџии не сакаат да губат мно-гу време во учење.

На едно место велите дека е потешкода се направи филм што ќе биде разбир-лив за обичниот гледач отколку херметичнодело што ќе си го разбира само авторот.Сепак, сè поретко гледаме филмови штоќе бидат директни и разбирливи, но не иглупави. Зошто?
Менцел: Воопшто не е едноставно да сенаправи таков филм. Дури и кога зборувате,ако сакате луѓето да ве разберат, требамногу внимателно да ги одбирате зборо-вите. Исто така и во филмот треба многувнимателно да одбирате начин како да сеизразите за да ве разберат сите. Требада правите и компромиси, но честопатиподоцна тоа ви го префрлаат. Прашање ешто е подобро: да се прави длабока ана-лиза на нештата која ќе ја разберат самодвајца-тројца, или нешто што ќе го разбератповеќемина. За жал, колку што филмот епонеразбирлив, толку критиката повеќе гоцени. Исто така, има и еден куп добри фил-мови што не се разбирливи за сите, како например филмовите на Бергман.

Ве окарактеризирале ли некогаш какокомерцијален уметник и дали тоа и за вас,како за повеќето уметници, е најголемиотноќен кошмар. Воопшто, се грижите ли заставот на критичарите?
Менцел: Да, се случило и малку ми е тешкопоради тоа. Дури има некои колеги штовелат дека не сум уметник и дека не требада бидам во Новиот бран.

Како се браните?
Менцел: Не можете да се браните, секојима право на свое мислење. Луѓето честопрефрлуваат дека кога филмот е разбир-лив за пошироката публика, автоматски нее доволно уметнички.

Каков е вашиот став кон политичкиангажираните дела?
Менцел: Мислам дека не треба премногу дасе зборува за политика во театарот или нафилм. Секогаш е позитивно кога суптилносе чувствува ставот на авторот, но тоа нетреба да биде цел сама за себе. Не сакамда ми солат памет, па затоа и јас никому непопувам.

Имате режирано и во многу престиж-ни европски театри. Каков е вашиот ставза современата драматургија во која сèповеќе доминираат сцените на суровост?
Менцел: Ако случајно се најдам во таков театар, гледам да побегнам колку штоме носат нозете. Јас припаѓам на генерацијата кога на театарот се гледашекако на нешто што ја култивира публика-та. Модерната драматургија е преполна содевијација, лошотија, обезличеност. Мојкултен драмски автор сè уште е Чехов.

Во 1968 година, кога тенковите беа наулиците на Прага, вие добивте понуда дазаминете да работите во Америка, која јаодбивте бидејќи не сакавте да побегнетево таков тежок момент за вашата земја.Како од денешна перспектива ви изгледатаа постапка? Воопшто, постои ли денестаква лојалност кон татковината?
Менцел: Мислам дека веќе го нема тоа.Луѓето во денешно време се многу поголе-ми индивидуалисти отколку порано. Нечувствуваат некоја преголема обврсканиту кон сопственото семејството, род-нините, а камоли пак кон државата. Немавеќе толкави патриоти и лојални луѓекако некогаш. Јас и сега би го направилистото, но мислам дека таква ситуацијавеќе нема да се повтори.Меѓу другото, јас во тој момент бев сосе-ма свесен дека во Америка не ќе можамда работам онака како што сакам. Целовреме би ми недостигала чешката сре-дина, без која не можам. Дури и Формандолго се мачеше да направи вистинскиамерикански филм.

Во своите колумни честопати зборува-те за деструктивноста на современитемедиуми. Дали луѓето стануваат полошипоради разулавените медиуми што сехранат со несреќи и беда или обратно,медиумите се насилни оти и луѓето сетакви?
Менцел: Мислам дека во минатитестолетија луѓето беа поинаку воспиту-вани... одеа во црква, па таму попот имкажуваше што е добро, а што лошо иги почитуваа тие традиционални норми.Мислам дека тие норми во сегашно времевеќе не важат. Луѓето некогаш знаеја штое добро, а што зло, а денеска таа границасе изместува. Медиумите со сето онашто ни го сервираат ни прават да стану-ваме сè побесчувствителни.

Во својата долгогодишна кариера има-те и забележително актерско искуство.За каков актер се сметате себеси? Какове пак вашиот режисерски однос конактерите?
Менцел: Јас сум актер-аматер, немамформално образование. Случајно станавактер. За мене е удобно да глумам затоашто во таа позиција немам преголема од-говорност, таа е кај режисерот. Пријатноми е да го набљудувам колегата режисеркако работи. Инаку, кога сум режисер,најважен ми е пријателскиот однос соактерите. Се обидувам некако да влезамво нивната кожа.

Мислите ли дека имате актерски талент?
Менцел: Понекогаш бев успешен вонекои улоги. Сепак, јас не сум обучен,мислам дека немам добра дикција... Вотекот на 16 години со голем успех игравво една театарска комедија и дури добиви неколку награди за тоа.

„Светот околу нас е полош од оној нанашите дедовци. Во воздухот, водата,во нашите души како да има нешто за-лудно...“, велите во една ваша колумна.Што мислите, какви ќе бидат душите нанашите деца?
Менцел: Ќе го загубат имунитетот конзлото. Постојано сме си потолерантни конзлото.

Во Македонија добивте уште една одмногуте награди. Ги собирате, колекцио-нирате некаде? Каков е вашиот внатре-шен став кон наградите?
Менцел: Се разбира дека ги чувам, нотака што не морам постојано да ги гле-дам. За да не станам премногу вообразен.

Како си го поминувате времето когане работите. Што е она што ве прависреќен?
Менцел: Среќен сум кога не работам.