Под кожа

Не е лесно да се посегнува кон бескрајот

  • Мимоза Петревска ГЕОРГИЕВА
  Пролетта е време на излегување од зимската черупка, време на изложеност и соочување со светот... Како изгледа пролетното секојдневје во атарот на манастирот „Св. Архангел Михаил“ во Берово?

Сестра Макрина
: Изгледа несекојдневно. Бидејќи оваа пролет се поклопува со почнувањето на великиот пост, сè е во знакот на едно движење кон внатре: природата треба да се смири и со големо внимание да застане пред Оној чие Воскресение допрва го очекуваме. Кога човек е сосредоточен на својот внатрешен духовен живот, тој речиси и не ги забележува промените што се случуваат околу него, во надворешниот свет. Точно е дека ги следи климатските или какви и да било други промени, но тие се само еден вид сценска декорација за големата внатрешна драма што се одвива во длабочините на душата: подготовка за средба со Христос. Ако сме доволно внимателни, оваа средба, кога еднаш ќе се случи, може никогаш да не престане...

  Манастирот се наоѓа практично во срцето на градот, што донекаде ја диктира и динамиката на монашкиот живот. Успевате ли да го најдете својот мир и како ја балансирате потребата за посветеност кон Бога и кон луѓето?

Сестра Макрина
: По својата поставеност, овој манастир навистина се раз- ликува од поголемиот број манастири, кои по правило се градат подалеку од урбаните центри, скоро секогаш на многу убави места во природата, покрај извори на вода, прекрасни пејзажи и слично... Во времето кога бил изграден, некаде кон средината на 19 век, Берово сè уште ги немало овие димензии на распространетост што ги има денес, така што во текот на овие 150-ина години се граделе куќите наоколу и така, наместо манастирот да се доближи до градот, градот се доближил до манастирот! Резултат од тоа е чудесната симбиоза и испреплетеност на световното и духовното што се чувствува во аурата на ова место. Кога посетителите ќе го поминат прагот на манастирската порта се чувствуваат како да влегле во сосема друг свет, поинаков од оној што го оста- виле надвор од манастирските ѕидишта... Духот на мирот што се распостила во црквата и околу неа е тоа што го плени и го зашеметува срцето на човекот... и тоа инстинктивно се чувствува... Да не зборуваме за раскошните борови шуми со кои изобилува цела Малешевија...

  Вие сте женска монашка заедница. Дали овој манастир отсекогаш бил женски?

Сестра Макрина
: Од самото свое основање па до денес, манастирот во континуитет бил женски. Изграден е во турско, во 1818 година, и за начинот на кој е изграден е врзана една прекрасна ле- генда. Имено, во тогашното гратче Берово немало христијански храм, па населението испратило една делегација од највидните граѓани на Берово да побараат дозвола од турскиот валија во Радовиш, а овој, за да не ги одбие директно, им поставил три невозможни услови: прво - да ја изградат црквата за 40 дена, второ - да биде под земја и да не се гледа крстот и, трето - една од ќерките на свештеникот од делегацијата да му ја дадат за неговиот личен харем... Беровци ги прифатиле сите услови! Замислете го тој елан, таа верба во Бог, меѓусебната слога на луѓето од тој период!!! Бидејќи живеам во овој манастир веќе десет години, го гледам духот на тие луѓе, ја гледам и бездната меѓу тоа какви сме ние денес, и какви биле тие тогаш, сплотени околу една заедничка идеја, спремни да го дадат животот за да ја остварат... Честопати кога размислувам зошто денес Македонија е во ваква quo vadis ситуација, си мислам дека ова мора да е една од причините: оладувањето на меѓусебната љубов, гасењето на верата, општото опаѓање на моралот, дезориентираноста на егзистенцијален план што повлекува незнаење и загубеност во секојдневјето... Но да се вратиме на приказната. Некаде околу 1850 година, првите калуѓерки биле поврзани со свештеникот што бил учесник во делегацијата од почетокот на приказната... Овој манастир има одиграно значајна улога во културно-историските случувања на регионот, во организирањето на востанијата, Разловечко, Илинденско; овде било и првото ќелијно училиште во источна Македонија, поврзано со едно звучно име како Јоаким Крчовски... До пред крајот на Втората светска војна бројот бил во континуитет до 60-70 монахињи. Манастирот бил исклучително богат со земја, стока, со активности... Веќе неколку години по војната состојбата почнала драстично да се менува. Тоа било некаде во педесеттите години на мина- тиот век. Бидејќи државата наметнала високи даноци за поседувањето земја, монахињите биле принудени „да ја по- даруваат земјата“, а голем дел од имотот и стоката им биле конфискувани од страна на новонастанатата држава. Постарите луѓе во градот, а особено свештениците се сеќаваат дека во тоа време имало околу десетина млади искушенички во манасти- рот кои сакале да се замонашат и да му го посветат животот на Бога, меѓутоа под притисок на новата власт, а и од страна на општеството, кое веќе масовно почнало да го менува курсот на пловидбата, тиепринудно се откажале од својата желба и се вратиле во светот, продолжувајќи со претходниот начин на живот. Така било во Русија, во Србија, Во Бугарија, во Романија и сите други земји во кои за- владеа социјализмот. Речиси во сите земји од Источна Европа, Бог беше едноставно укинат со декрет.


  Неодамна излезе од печат книгата „Друга визура“, зборник Ваши тек- стови објавувани во печатени и електронски медиуми во кои честопати се осврнувате на настани и појави од актуелното политичко секојдневје. Како ги помирувате интелектуалецот и духовникот во себе?

Сестра Макрина:
Човекот е создаден како учесник во два света: материјалниот и духовниот. Во него се обединуваат овие две крајности... Овде не можам а да не се сетам на зборовите на мојот омилен автор, Антониј Блум, кој вели дека секој верник во Црквата е свештеник, т.е. човек што ја осве(ш)тува тварта - материјата, создаденото... Верникот не е едноставно само човек што живее во овој свет, па заради тоа е мирјанин; тој е човек кого Христос го пра- тил во овој свет со задача сè што ќе до- пре да го направи свето, да го освети, да го направи светиња. Тоа е начинот на кој се однесуваме кон предметите околу нас, кон луѓето, кон целата природа... Со по- глед, со допир, со збор... Бог сè создал од љубов и со љубов, и за љубов... Човекот е свештеникот на оваа Тајна на љубовта. Зошто имаме толкава потреба од постојаното преиспитување, пресоздавање на македонскиот иденти- тет и потреба постојано да се прашуваме кои сме ние, всушност? Сестра Макрина: Работите се мену- ваат со брзина на светлината, додека ние правиме непотребни експертизи, околностите веќе се поинакви и нашата реакција може да биде задоцнета или анахрона... Прашањето на идентитетот е прашање за светоста... Идентитетот не е варијабла што се менува во завис- ност од ситуацијата... Во мојата фамилија има едно премолчано, ненаметнато предание за поистоветеноста со поимот Македонија... Во текот на Граѓанската војна во Грција во 1948 година, моите баба и дедо не само што го загубиле домот и огништето туку го загубиле и единствениот син што го имале... Вујко ми бил стрелан на 18 години и тоа не- колку месеци во затворот го измачувале принудувајќи го да се откаже од името, да потпише дека не е тоа со што се поис- товетува, при што не само што ќе го пуш- теле на слобода туку и ќе ги добиел сите поволности што следат заради лојалноста кон државата... Но тој не прифатил и отишол докрај, до смрт со стрелање. За мене тоа значи принесување на себеси во Тоа што Грција го доживува нашиот идентитет како закана за нејзиниот е само показател за декадентноста на „европската“ култура во моментов. Нам, пак, ни недостига самодоверба, која не е последица на несигурност во идентитетот, туку на постојаното менување на границите на Крушевската Република, наметнувано секогаш однадвор и, по правило, од посилниот… Не би рекла дека имаме проблем со идентитетот. Имаме проблем со државноста. Со реалното политичко милје. Пишувањето е Ваша страст уште од помлади години, од првите раскази во „Маргина“, а лани излезе и збирката кратки раскази „Полигони“ во издание на „Темплум“. Зошто го креиравте Ва- шето алтер-его - Галијана Маркова? Сестра Макрина: Не знам зошто, првата асоцијација како одговор на ова прашање ми се завршните зборови од најпознатата принчешка книга на све- тот, потпишана од Сент-Егзипери: „Гледајте го небото. Прашајте се: дали овцата го изела цвеќето или не? И ќе видите како сè се менува... А возрасни- те, никој од нив не ќе разбере дека тоа има толку голема важност“. На едно место велите дека спа- сението е можно единствено преку љубовта... Тогаш кога го разбираме дру- гиот, а не затворајќи се во себе, оства- руваме заедница со него. Оти, како што велат, ако пропаѓам јас, пропаѓаат и сите околу мене, а ако се спасам јас –можно е да се спасат и други. Зошто на луѓето им е толку тешко да го при- менат ова едноставно правило? Сестра Макрина: Тешко е заради от- паднатоста од Бога. Ова не е состојба што може да се поправи преку ноќ. Спасението е процес што трае цел живот и претпоставува работа на себе, подвиг кон усовршување, нешто што нема практичен крај овде, на земјата. Не е лесно да се посегнува кон Бескрајот. Последниве месеци во фокусот на медиумскиот интерес е кампањата за за- брана на абортусот и контракампањата за репродуктивното право на жената. Ставот на Црквата по ова прашање во неколку наврати беше оквалификуван како крут и шовинистички. Како жена и свештено лице, што мислите, каде завршува правото на жената и почнува правото на новиот живот? Сестра Макрина: Црквата е храм на Светиот Дух. „Горливите“ прашања на современиот живот, главно од егзистенцијален карактер, не можат да се решаваат со пароли. Или, што би рекол Лоски: ...Божествената волја секогаш ќе им се покорува на лутањата, на отклонувањат, како и на бунтовите на човековата волја, за да ја доведе до слободна согласност. Таква е боже- ствената промисла. Дури и класичниот лик на педагогот ќе му се види мошне слаб на секој што во Бога почувствувал питач, Кој моли за трошка љубов, чека пред портите на душата и никогаш не се дрзнува да ги скрши... ...Теолошкото промислување – и евенту- алното давање одговор на ова и слични прашања изискува одредено време: ако се сведе на импровизација, лесно би можело да се случи да се заталка или во крут конзервативизам или во неодгово- рен либерализам (Ј. Мајендорф). Да не изумиме дека секој човек во себе ја носи иконата Божја, дека севкупниот народ на Црквата го носи достоинството на „царско свештенство“... Во тек се велигденските пости. Како традиционално се подготвувате за овој голем христијански празник во Берово? Сестра Макрина: Не само во Берово туку и насекаде низ православната екумена, на секој голем празник му претходи соодветна подготовка во вид на воздржување, пост. Според севкупното човеково искуство, по силата на својата падната природа, човекот инстинктивно стреми кон задоволување на своите стра- сти, при што задоволството е секојпат каузално поврзано со искуството на болка (т.е. смрт), а тоа го потврдуваат сите големи светски религии, не само христијанството. Постот, пак, претставува свесно и доброволно зауздување (контролирање) на страстите, телесни и душевни, неприфаќање на нивниот ултиматум да бидат задоволени овде и сега, туку нивно пренасочување во сферата на духовното. Притоа, ова воздржување, оваа своевидна аскеза не е цел самата по себе и за себе, туку начин за постигнување на целта – стекнувањето на Светиот Дух. Облагородување на целиот Човек. Ако воопшто може со зборови да се долови големината на овој празник, тој е величествен и ненадминат, токму поради тоа што значи надминување на болката, т.е. на смртта, низ чинот на Христовото Воскресение...