Ивенти

Плати, жени, гледај

Кај нас премиерите на домашни филмови се вистинска реткост, па публиката дотолку повеќе му се радува на секое квалитетно филмско остварување. Токму таква беше премиерата на допадливата одисеја Cash&Marry, забавен документарец што објаснува како се бара „жена за папири“. Атанас Георгиев е во фокусот на сопствениот филм во кој со помош на симпатичниот Марко се обидува да си купи австриски пасош на наједноставниот начин - преку брак со државјанка на ЕУ. Филмот се прикажуваше и пред преполна сала на ZagrebDox, каде што личната приказна на универзално проблематичната тема за имигрантите ја воодушеви Хрватска. Можеби филмот „Плати и жени“ ќе им ги отвори очите на Европејците, па конечно ќе ни ги укинат визите за да не мора да плаќаме и да се жениме. Во меѓувреме, задолжително гледајте го филмот.  (З.П.)