Ивенти
Среќен 5-ти роденден „Танц-фест“

Колку е прекрасно кога Скопје прилега на центар на светот! Вљубениците во танцовата уметност во април се чувствуваа како дел од светската културна сцена благодарение на „Танц-фест“, фестивал кој годинава наполни пет години. Малиот јубилеј го вклучи и сликарот Сергеј Андреевски, ја награди примабалерината Ирена Ветерова, му оддаде посебна почест на кореографот Мехмед Балкан и поттикна неколку светски новинари да ја следат програмата од почеток до крај. Пријатно не` изненади и оригиналниот пристап на уметничкиот директор Рисима Рисимкин, чија претстава „Делови...“ ги поттикна присутните да помислат на ефемерноста на сценската уметност и на исклучителните дела што се кријат во уметниците од „малите култури“. Останува да посакаме уште многу успешни изданија и, конечно, танцов театар и кај нас. (З.П.)