Ивенти

„Чекорење низ Македонија“

Во Alba-Via Maestra на 11.4.2009 година беше отворена изложбата на фотографии „Чекорење низ Македонија“ на авторот Љупчо Илиевски. Една недела подоцна (19 април), изложбата беше поставена и во црквата „Сан Франческо“ во Cassine. Своите впечатоци авторот ги опишува, пренесувајќи дел од една случајна средба. ,,Во еден миг, ми приоѓа една млада дама и ми вели: Се срамам што не знам ништо за Вашата земја. Но сега, испровоцирана од Вашите фотографии, знам каде ќе одам ова лето - во Македонија, да ги барам овие прекрасни предели“. По вакви нешта човек едноставно не може а да не се чувствува гордо. Повеќе на: www.ljupcoilievski.mk  (С.Б.)