Ивенти

Прекрасна премиера на „Доктор Офболи“

На 25 април пред преполниот салон на МОБ премиерно е изведен балетот за деца „Доктор Офболи“. Веселата музика на Игор Морозов, возбудливата кореографија на Михаил Крапивин од Русија, одличните костими на Марија Пупучевска, како и неверојатната сценографија и сценски ефекти на Живоин Трајановиќ ја воодушевија најмладата публика. Во текот на двата чина децата искрено навиваа за Доктор Офболи и пријателски расположените животни што им избегаа на лошите разбојници, а на крајот несебично ги наградија со аплауз. По изведбата, секое од присутните деца играше своја улога на балетан на излезот од МОБ. Ете така се создава нова публика!  (З.П.)