Патуваме
КРАТОВО
Тргнавме по подолгиот пат. Преку Велес и Пробиштип до Кратово има 140 км. Сигурно е пократко преку Куманово, барем за 40-ина километри, но некако тоа утро штркови- те ,,не водеа“. Колку загадочно и смешно да звучи сега, но тоа утро буквално ги следевме ,,гнездата“ на штрковите. Се вратија. Иако годинава, многу подоцна.
Кога ќе го минете Грофчанскиот мост веќе сте во Кратово. Влегу- вате некако одеднаш. Од пат буквално кон тесни чаршиски каме- ни сокаци. Се втурнувате во ,,минатото“, ја согледувате не многу розовата сегашност, обидувајќи се да ја предвидите иднината. „Кратово е најстар град на Балканот. Тоа го докажуваат големиот број артефакти пронајдени тука. Во околината на Кратово и Кра- товско се пронајдени повеќе монети од времето на пајонскиот крал Адалјон (315-285 п.н.е.). Во непосредна близина на селото Шлегово се наоѓа рудник, за кој професор Стеван Симиќ во 1910 година направил систематско истражување за сето она што мо- жело да се види од античкото рударство“, ја започна приказната нашиот домаќин
Стевче Доневски, човек кој 25 години собира информации за Кратово и Кратовско. Во 2004 година формирал здружение на граѓани, поврзани со карпестата уметност и изра- ботка и продажба на сувенири. Неколку години „луто“ се обидува да го приближи Кратово кон светот.
...