Под кожа
Не си дозволувам да се чувствувам како ѕвезда
Секоја ревија е чувство сама за себе. Секој нов модел е ново доживување и треба да се претстави на свој сопствен начин. Со секоја нова облека јас сум нова личност која мора да ја претстави онака како што треба и треба да се одглуми различното чувство со различно однесување. Јас лично мислам дека тоа и не е толку до талентот колку до тоа девојката да може да се отпушти доволно за да може да изгледа прекрасно, и дека не треба нешто особено и посебно. Само малку повеќе самодоверба и тоа е убавината. Ако девојката во што и да е не е задоволна со себе, така и ќе изгледа, и тоа ќе се види. Сè друго се здобива и се учи во текот на работата. Се откриваш себеси патем.
Модата е место каде што можноста за втора шанса е исклучена, а можноста да се зграпчи хазардерскиот момент да се биде на вистинското место во вистинско време (суш- тинскиот модус на регрутирање модели) е најчесто интуитивно прашање. Како се случи тоа кај тебе?
Мартина: Никогаш не сум имала изразена желба, пред тоа, дека сакам да бидам модел. Сè беше повеќе сплет на околности, едно- ставно можноста ми се даде и одлучив да ја искористам. Никогаш не ќе се случеше по моја иницијатива. Изборот беше пресвртна точка, по кој дојде можноста за обид во Ми- лано, од каде што сè започна. Настапив со- сема изрелаксирано, без никакви очекувања, што веројатно може да се смета за предност. Сакав само да пробам и мислев дека само ќе отидам и ќе се вратам.
Во светот на модата, каде што времето тече со збунувачки брз ритам, не постои друг начин освен „фрлање в оган“, каде што очи- гледно поизвесно е пеплосувањето отколку очеличувањето. Твојот солиден стаж говори дека извонредно успешно го мина процесот, и тоа на начин како своевиден „упад во системот“...