Ивенти
Бал под маски за 37. мајски оперски вечери

Годинашните Мајски оперски вечери донесоа пет опери, една балетска претставаи еден гала-оперски концерт со тенорот Владимир Галузин и сопранот Наталија Тимченко од Русија, но не предизвикаа внимание со некое позначајно гостување од водечките оперски сцени. Отворањето со Вердиевата „Бал под маски“, која на сцената на МОБ се одигра по пауза од две децении, беше најавено како исклучително динамична претстава со современи решенија на оригиналната, стокхолмска верзијана операта. За жал, публиката не беше воодушевена од статичноста и неинвентивните сценски решенија, а најдопадлива беше изведбата на разиграниот ведар слуга Оскар, одигран од Катерина Стојановска. (З. П.)