Ивенти

Македонско астрономско писмо

Македонско астрономско писмоСветскиот поштенски сојуз се вклучи во одбележување на 2009 година како интернационална година на астрономијата. По тој повод, во МКЦ се промовираа новите поштенски марки со соѕвездијата на Македонската астрономска карта– Орач, Петел и Квачка, кои се и потсетници на македонскиот фолклор. Настанот организиран од МКЦ и Македонски пошти беше збогатени со промоција на монографијата „Светот на Кокино“ од авторот Ѓоре Ценев и изложба на фотографии од авторот Љупчо Илиевски.  (З.П.)