Ивенти
Денови на македонската култура

На 24 мај во Торонто, Македонскиот центар за културнаи социјална интеграција го прослави своето 5-годишно постоење. Во рамките на оваа манифестација, сосвои настапи се претставија Александра Балабурска и Оливер Балабурски, Леонид Пејсахов, Мартин Георгиевски, Васко Петровски, Џи Соул Бенд (G Sole Band), Мики Петковски, фолклорните ансамбли Македонка и Илинден, Тамара Здравковиќ и др. Како дел од богатата музичка програма, посебно место и припаднана легендарната македонска рок-група Леб и сол, која во претходниот ден, во Опера хаус тиатр (Opera HouseTheatre), одржа свој целовечерен концерт. (С.Б.)