Под кожа
Кога кралицата слави роденден...
Trooping the Colour
Trooping the Colour
Амбасадорот Андру Ки
Амбасадорот Андру Ки
Кралицата
Кралицата
Нејзиното Величедство Елизабета II е родена на 21 април, но нејзиниот роденден секоја година се слави и на 13 јуни. Trooping the Colour Парада на трупите) е нешто што од оваа страна е проследено со интересен колоритен амбиент и поглед на елитните единици на британската војска. Дали би можеле да ја запознаете нашата публика нешто повеќе со оваа традиција?
Андру Ки:Официјалниот роденден на кралицата не е фиксиран датум. Во Обединетото Кралство тоа се случува или во првата, втората или третата сабота во јуни, а владата одлучува за тоа. Оваа година официјалниот роденден на Нејзиното Височество е на 13 јуни.
Trooping the Colour се одвива со целосно обучени и спремни трупи од Household Division (Кралската гарда) на Horse Guards Parade (Парада на коњаницата на гардата) во Whitehall(Вајтхол), кои ги следат членовите на кралското семејство, поканетите гости и јавноста. Уште од 1748 година, оваа парада го означува официјалниот роденден на владетелот. Во текот на церемонијата, кралицата ја поздравуваат со кралско салутирање и потоа следи инспекција на трупите.
Покрај Trooping the Colour, во јуни во Windsor Castle (Дворецот Виндзор) има парада на Order of the Garter (Редот на витезите), на 30 јуни се одржува Garden Party (Прием во градината) во Palace of Holyroodhouse (Дворецот на Холиродхаус), а во јули кралицата учествува во Swan Upping (Обележување на лебедите) церемонијата на Темза. Што поточно претставуваат овие настани во кои учествува таа и со какво внимание се следат во јавноста со оглед на тоа дека токму ваквите годишни случувања ја одржуваат традицијата и го чуваат духот на заедништво и припадност во Британија?
Андру Ки: Ваквите церемонии честопати создаваат голем интерес кај јавноста, а некои од нив се отворени за селектирана публика. Може да ви кажам нешто за нив.
The Order of the Garter е главниот и најстар British Order of Chivalry (Британски ред на коњаницата). Секоја година во јуни има парада во дворецот Виндзор на која присуствуваат кралицата и останатите членови на кралското семејство. Приемите во градината се најотпуштените и најнеформални кралски настани. Поканетите гости се шетаат во убавата градина додека уживаат во чајот и колачите. Swan Upping датира уште од 12 век, кога круната ја имала сопственоста врз сите лебеди. Во тоа време лебедите се сметале за вкусен специјалитет, додека денес, секако, лебедите повеќе не се јадат. Swan Upping е годишен попис на популацијата на лебеди по текот на реката Темза. На лебедите им се мери тежината, им се земаат мерки и им се врши здравствена проверка.
Заштитата на околината и решавањето на проблемите со одржливата енергија се значајни теми за кралското семејство во Обединетото Кралство.
Поттикнувањето на просперитетот на дивиот свет, на растенијата и рециклирањето се само некои од иницијативите за заштита на животната средина на кралското семејство. Бакингамската палата назначи „зелени заштитници“, кои раководат и управуваат со рециклирањето и заштедата на енергија. Нашата амбасада во Скопје исто така ја прифати оваа идеја и основа тим на „зелени заштитници“ кои ги промовираат „зелените“ иницијативи во амбасадата.