Патуваме
Марвинци... отворена книга
› Силвана БРКУЉАН
› Марко МАРКОСКИ фото
Археолошкиот локалитет Исарот е веднаш до селото Марвинци. Селото, пак, е оддалечено само седум-осум километри од Валандово. Неколкупати се вршени ископувања на овој простор, но тоа било во некои поскромни рамки. Годинава, најголемиот дел од археолошките сили се „фрлени“ токму тука. Над 700 луѓе од месец, секој ден од 6 часот наутро до 14 часот напладне, копа-ат, раскопуваат, „метларат“, документираат, евидентираат, бројат... пребројуваат. За неполни три месеци пронајдоа и ископаа над 1.300 гробови, а и со претходно откриените триста, се доаѓа до една имопозантна бројка од 1.600 јами. „Што најдовте“, прашувам онака колку да се почне приказната. „Најдовме сè “, ми одговара Златко Видоевски, раководител на проектот. Е сега, што е тоа сè?
Left
-
Исар-Марвинци 09
Сектор: ЈУГОЗАПАДНА НЕКРОПОЛА
-
Најголемо археолошко ископување
На локалетот - како на градилиште. Колички, лопати, одбележани места... Некои јами се празни, во некои внимателносе симнува слој по слој. Иако, според нештата, покојникот секогаш се испраќал соодредени предмети (личен накит, паричкаи керамика), откриените јами се претежно празни. Пљачкосувањето започнувалобезмалку веднаш по погребувањето, предците не оставале многу време да помине.
-
Најголемо археолошко ископување
Во мигот на раскажувањето на приказна-ва, од земјата „се појавува“ преубав бокал. Горниот дел е сосема зачуван. И додека јас мислев дека интерес ќе пробуди внатрешноста на оваа керамика, Страхил се надева на нешто друго, на друга јама. Бидејќи археолозите се всушност водени од предметите што ги откриваат.
-
Ова е најверојатно гробна јама.
Оди-ме со плитки откопи, наоѓаме накит,килибарни гарнитури, појасни реме-ни, а што е многу интересно, годинававеќе имаме ископано 4 меча, како иповеќе копја. Откопаните предметиги ставаме во средина, за да не сеслучи во овој мееж да се заметканекоја ископина“ , објаснува Страхил.Факт е дека дивото копање е нама-лено во последните неколку години.Присуството на археолозите секакодека влијае на тоа, но и организира-ната постојана чуварска служба.Во тој разговор се приближивме доместото каде што пред неколку годи-ни беше откриена познатата свеште-ничка. Местото беше предизвик да сепродолжи со откопување, но засегасепак не се најде многу.
-
Во Југозападната некропола како во кошница.
Се проучуваеден временски континуитет од8 век пр.н.е. Хронолошки овојдел е од класичниот период, којвклучува антички, македонско-хелинистички, векови сè до почетокна Рим и доаѓањето на Римјанитево 2 век. Тоа е всушност најбогатиотдел од некрополата. Се наоѓаатамфори, панички, личен накит иликопје на покојникот и задолжително- монети.
-
До Марвинци патувавме со...
Ssang Yong Actyon – Корејско возило над очекувањата
Right
Лисичин дол
На локалитетот Исар-Марвинци всушност се работи на три пункта. Југозападна некропола, Римска и Лисичин Дол. „Лисичин Дол е најбогатата и најпозната некропола од железниот период во Македонија. Место каде што се погребувале покојниците од 8 до крајот на 6 век пр.н.е, значи, „во времето на Пајонците и малку на Македонците. Тука на Исарот бил голем град и всушност Лисичин Дол било местото на нивното погребување“, ја започнува приказната Страхил Темов, одговорен токму за овој дел од локалитетот.
Се вртам околу, се обидувам да замислам некое друго време. Погледот ми е втренчен вземи, не сакајќи ниту случајно да згазнам во обележана јама. Не дека сум суеверна, но не сакав да налутам „нечиј дух“ без оглед пред колку века тој тргнал на својот пат. Покојниците биле погребувани во питоси и во јами. Питосите се видливи и лесни за избегнување кога веќе се пронајдени, но не бев сигурна каде сè има јами, бидејќи во тој период јамите биле вдлабувани во карпи. Пронајдени се остатоци и траги од уште еден вид погребување, погребување во таканаречена циста (цистите се со- сема оградени со плочи од страната и на површината). „Повеќе работи се интересни на овој локалитет“, вели Страхил Темов и додава: „Осумдесет проценти од гробовите се ограбувани уште во античко време, другото е ограбувано подоцна од диви копачи, а она малку што е останато го откопуваме ние, но и тоа е доволно да се пофалиме со фантастични наоди“.