Морето не е за кукавици!
Тоа јасно и гласно го докажа Љупчо Николовски-Љупа, скиперот на Вижни Френдс. Имено, на првиот ден од регатата морето беше толку налутено на папмурџиите што дури и референтот на Охридската капетанија, кој се наоѓашена еден од бродовите, инсистирал да ја напуштат трката. Но Љупа, огромен човек со уште поголемо срце, и покрај промената на ветерот пред крајот на етапата, храбро решава да го смени курсот кон отворено море како единствена варијанта.