Со своите 150 километри, Тара е најдолгата река што минува низ Црна Гора. Кањонот на Тара е длабок 1.000, а на некои места дури и 1.350 метри. Севкупната должина на кањонот изнесува 68 километри, а во однос на должината, длабочината и некои други карактеристика, по својата големина се наоѓа на второто место во светот, веднаш зад кањонот на реката Колорадо во САД