Ивенти

3G со T-Mobile

Во минатиот месец мобилниот оператор Т-Мобиле го промовира воведувањето 3Г-технологија чии предности може да ги користат сите нивни корисници без разлика на тарифниот модел. Потребно е да имате телефон што поддржува 3Г и да се најавите на 3Г-мрежата. Оваа мрежа овозможува пристап за брз мобилен интернет и подобар квалитет за сите апликации при користење интернет, како и видеотелефонија преку која може да го гледате својот соговорник. За почеток мрежата ги покрива поголемите градови во Македонија, а подоцна ќе се прошири и на останатите места.  (З.П.)