Ивенти

Велшани играа крикет во Скопје


Вториот крикет-меч во Скопје беше и прв овдешен Интернационален натпревар на кој играа екипите на Велс и Македонија. Корените на овој популарен спорт датираат од 16 век од јужниот дел на Британија, а играта сега си го наоѓа своето место и во нашата земја. Во текот на четиричасовниот меч во Скопје, на искусниот велшки тим му се спротивстави домашниот, составен од луѓе што се школувале или работеле во странство, па имале прилика да се запознаат со оваа игра.