Ивенти
Уживање во музички лавиринт
Официјалната промоција на најновиот, осми по ред студиски албум на
белградскиот бенд Ван Гог беше
придружена од одличен концерт во скопскиот летен клуб Хавана. Легендарните српски рокери се на листата омилени музичари
во Македонија, па не беше изненадување што билетите беа распродадени за само
три дена. Домашната публика беше особено воодушевена од спомнувањето на
трагично починатиот Тоше Проески, кому Ван
Гог му ја посветија „Опасан плес“, чиј текст е инспириран од големата
поетеса Десанка Максимовиќ. (З.П.)