Ивенти

Видовме, слушнавме, уживавме

Второто издание „Види музика - Слушни слика – Добиј книга“, што на плоштадот Македонија од затворената класична музика успеа да направи сенароден спектакл, покажува дека токму оваа манифестација е омилениот годишен настан за скопјани. Годинава заслужни за ова се извонредните солисти Ана Дурловски и Благој Нацоски, сликарите Симонида Филипова-Китановска и Нехат Бекири, како и бесплатно поделените 20.000 примероци на книгата „Новела за сонот“ на Артур Шницлер, основа за последниот филм на легендарниот Кјубрик „Очи широко затворени“.  (З.П.)