LIFE
Ме викаат воркохолик
Лајф: Во рамки на берлинската ликовна
сцена гледаме автори од различна етничка припадност, различна старосна структура,
различен израз. Постои ли некој заеднички именител ?
Јован: Секако дека постои. Господин Ролф Кунц Мекензи важи за
куратор што во преден план го позиционира творештвото на уметникот, а не некои лични
кураторски концепти или идеи. Неговото претставување на берлинската ликовна сцена паралелно следи
четири позиции: едната од нив е генерациската разлика. Тука е Волфган Петрик -
моментално еден од петте најсилните автори во Германија кој е 70-годишен и Урс
Јеги, има 80 години. Тоа се автори што
ги доживеале сите историски промени на Берлин: и кога бил престолнина на
царството, престонина на Третиот Рајх, кога бил поделен, сведоци се на
диктатурата на ДДР, на обединувањето на двете Германии... Кураторот во оваа
изложба ги доведува во дијалог со помладата генерација автори. Втората линија е
во тоа што, кога малку подобро ќе се погледне, ќе се види дека има голем
процент на жени-автори. Самиот куратор дефинираше позиција на Берлин во кој на некој начин доминира женската
естетика. Тука зборуваме не само за
жени-уметници туку и за професори на универзитетите за уметност. Третата линија
е големиот процент странци што живеат во Берлин. Тоа е град што
магнетски привлекува автори од целиот свет: имаме автори од Русија, од
Австрија, Швајцарија, Бугарија... Јас стојам на листата како автор од
Македонија. Исто така, кураторот одеше по линија да презентира сегменти, делови
од тие автентични берлински естетски процеси. Така овде го имаме Жења Шеф, кој
е член на новиот академизам, но и Волфган Петрик, кој е татко на критичкиот
реализам.
Лајф: Која е твојата позиција во овој
конгломерат од естетики?
Јован: Јас сум дефиниран како автор што презентира, диктира еден
нов тип реалистично сликарство наречени überrealisam, т.е. на англиски
overrealizam. На макeдонски не би можеле да го преведеме како надреализам,
бидејќи тоа подразбира нешто друго, туку посоодветно можеби би било
„прекурелизам“. Ако правиме споредба со хиперреализмот и фотореализмот, треба
да се знае дека обете сликарски постапки се работат со воздушна четка,
ербраш, што значи дека потегот не се
забележува. Во фотореализмот се работи за верно пренесување на една фотографија
на платно со специфичен сликарски метод. Кога комуницираш со сликата имаш
проблем да го прифатиш тоа како сликарство, бидејќи сосема изгледа како
фотографија. Хиперреализмот пренесува една реалистична состојба, но сепак тоа
се некои посебни агли, посебни креирани моменти од страна на уметникот. Тука
имаме еден убав фактор на фантазија.
Мимоза
Петревска ГЕОРГИЕВА
ПОВЕЌЕ ВО 39-от БРОЈ НА ЛАЈФ
МАГАЗИН