Никогаш до крај недообјаснениот, за непознатиот набљудувач (во овој случај пишувач) именуван поттик, е едноставно зависен од желбата да го опише и објасни, анализира и детализира внатрешниот свет на еден јунак, еден човек и тоа да го направи на начин кој би бил успешен, и автентичен, за да читателот кој би го прочитал би си кажал себеси: „Да, и мене тоа ми се случило.“ Приказната за Ла Манш е појдовната или крајната точка за Томи Стефановски и за еден човечки идентитет.