Андреа
Алексовски е еден од оние млади луѓе што не одат во странство за да најдат
подобра иднина за себе, туку одат за преку личната надградба да се вратат
инспирирани за подобрување на иднината на сопствената земја. Неговиот проект,
посредничка веб-страница www.patuvajzaedno.mk која на возачите и патниците
им овозможува да остварат контакт и да организираат заедничко, поисплатливо
патување, е новитет во регионот, а првите резултати веќе говорат дека станува
збор за освежувачка идеја што Македонците топло ја прифаќаат