LIFE
Домот за мене е онаму каде што живеам и работам


Н.Е. Никол Вирш, амбасадорка на Швајцарија во РМ, за себе вели дека е „граѓанин на светот“. Нејзините ,,швајцарски корени“ упатуваат на прецизност и квалитет како врвни човечки вредности
ПОВЕЌЕ   READ MORE
Посети: 405 | Коментари: 0 |
Во сонот ми е поубаво


Јана Манева Чуповска е уметник, моден дизајнер и професор  кому секогаш му недостига уште малку сон. Сака да спие и да сонува во колор. Себеси се именува како човек што ја сака слободата, кој е широкоград и кој ги сака луѓето и животот. Во последните години станува свесна колку сме среќни што сме живи. Некаде помеѓу враќањето од Париз и заминувањето за Бејрут, разговаравме за животната среќа, седнати до кафезот на мршојадите во скопската Зоолошка градина
ПОВЕЌЕ   READ MORE
Посети: 334 | Коментари: 0 |
Со шарени опинци низ Америка
  Душан Нечески го познавам одамна. Сум го сретнувала на илинденските пикници во околината на Торонто. Сите застануваат крај тезгата со македонско знаме накитена со сувенири и опинци. Некои купуваат, другите пак не ја пропуштаат можноста да се поздрават со стариот пријател
ПОВЕЌЕ   READ MORE
Посети: 528 | Коментари: 0 |
Во работата наоѓам само задоволство
  И покрај тоа што го познавам како весел,  упорен и вреден уште од гимназиските денови во „Јосип Броз Тито“, каде што заврши како одличен ученик,  како и од градските збиднувања, последното јавно појавување на Тома Димовски повторно ме остави без зборови...
ПОВЕЌЕ   READ MORE
Посети: 545 | Коментари: 0 |
Нашата музика е за искрени луѓе


Отворањето на годинашниот Скопје џез-фестивал на 22 октомври е резервирано за триото „Скопје Конекшн“, кое го сочинуваат Лука Аквино на труба и флугелхорн, Џијан Емин на хорна и мелодион и Георги Шарески на акустична гитара. Нивниот уникатен жив  албум „Амам“,  со кој ќе се претстават на стартот на фестивалот, го карактеризираат софистициран звук, фантастична интеракција и контемплативен амбиент... Како што велат самите, ќе понудат „музика за луѓе кои имаат капацитет да реагираат на емоции...“
ПОВЕЌЕ   READ MORE
Посети: 181 | Коментари: 0 |
Холивудски трилер од француски автор


Романот „Затоа што те љубам“ на францускиот писател Гијом Мисо кај нас го објави издавачката куќа „Топер“, која за жал веројатно се одлучила за превод од српски, што би ги објаснило србизмите и граматичките грешки. Ова не е најлошиот превод објавен на македонски, но е сепак далеку од она каков во суштина би требало да биде. За жал, иако веќе некое време се зборува за тоа, издавачките куќи сè уште си дозволуваат потпросечни преводи и објавуваат книги на кои не е наведен лекторот, како што е случајот и со ова дело
ПОВЕЌЕ   READ MORE
Посети: 236 | Коментари: 0 |
Секогаш ги оставам идеите да одлежат


Своето долгогодишно искуство како фотограф Роберт Јанкуловски  на најдобар начин го имплементира преку основањето на Македонскиот центар за фотографија, каде што, освен со тековните активности, веќе подолго време се занимава и со идејата за отворање музеј на фотографијата. Што се однесува до неговиот личен фотографски израз, тој вели дека, користејќи различни мотиви, постојано раскажува една единствена, своја приказна  
ПОВЕЌЕ   READ MORE
Посети: 176 | Коментари: 0 |
Топ инфо
Овој месец:
На 22 октомври ќе одиме на концерт на легендарните „Зи зи топ“ во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Ќе го следиме 28-то издание на Скопје џез-фестивал, во чии рамки е закажан и концертот на легендарниот пијанист Чик Кореа.

Од 29 септември до 3 октомври во Скопје ќе се одржи премиерното издание на фестивалот за електронска музика, уметност и нови медиуми „Де: сонанз“. Во Визбаден, Германија, премиерно се игра претставата „Камен“ на германскиот автор Мариус фон Мајербург, во режија на нашиот Слободан Унковски.

Месец на германска култура во книжарницата „Или-Или“ во „Мала станица“. Купете ги изданијата на „Или-Или“ преведени од германски, со 20% попуст.

Во Дом на АРМ на 20 октомври ќе се отвори 47. изложба „Денови на македонска фотографија“.
ПОВЕЌЕ   READ MORE
Посети: 136 | Коментари: 0 |
Секогаш е полесно да се спротивставите на нешто, отколку да се потрудите да го разберете. Бидете потолерантни кон туѓите разлики (дел од „Говорот на судбината“)
Астроскопија - мое гледање на астрологијата

Оние што ја доживуваат астрологијата повеќе како алатка за живот отколку како гатање, веројатно ќе се гордеат на постоењето на  АСТРОСКОПИА, веб-страницата на астрологот Виолета Спасеновска Марсол. Изработена со крајно внимание кон содржината, грижата за секој детаљ и посветеност на суштината, притоа не оставајќи неодговорено ниту едно прашање што оваа тема го поттикнува, новиот медиум ќе се покаже како благодарно место за достоинствено и професионално демистифицирање на темата.
ПОВЕЌЕ   READ MORE
Посети: 255 | Коментари: 0 |
ЕРОТСКА ДРАМА
Трилогија на страста
 или демистификација на слоганот (некои љубовници едноставно не знаат кога да запрат)  
ПОВЕЌЕ   READ MORE
Посети: 192 | Коментари: 0 |