LIFE
Во работата наоѓам само задоволство
Тома сега има 41 година, а еланот за
работа му е посилен од кога и да е порано. Иако дипломирал етнологија, негова
најголема љубов и животен избор е - уметноста. Не успеал да се запише на
ликовна академија, но со голем ентузијазам посетувал некои часови:
„Кога ме
пуштаа, одев малку и да цртам акт. Повеќе учев приватно од постари другари.
Кога се учи сликарство, проблемот не е толку во тоа да ги научиш техниките,
туку да бидеш свој, да изградиш свој израз“ - вели Тома.
А тој отсекогаш бил свој и поинаков на најубав можен
начин. И покрај тегобите што му ги наметнува неговото кревко здравје, Тома
никогаш не дозволи животната струја да го исфрли на маргините, со сите сили напрегајќи
се да го даде најдоброто од себе. Самиот тој, секако, најдобро знае како се
борел со сопствените и со ограничувањата од средината, но резултатите се
очигледни и несомнено - вчудоневидувачки.
Живее со своите родители во една тивка
уличка во населбата Топанско Поле. Неговото ателје се наоѓа на горниот кат на
куќата и она што прво ми падна в очи беа прекрасните цртежи работени со молив
кои имаат необична сила токму поради нескротливата линија диктирана од неговиот специфичен фат и сензибилитет. Инаку,
Тома нагласува дека како ликовен уметник исклучително го цени цртежот:
„Многу луѓе цртежот го третираат како скица,
но тој може да биде готово, завршено
ликовно дело, да функционира и како засебен ликовен израз“ - нагласува
.
Од сликарските техники вели дека
најмногу работи акрил, кој ги потиснал сите други техники поради неговата
практичност, а ужива и кога работи акварели. Инаку, како мотив пејзажите му се
речиси неминовни.
„Кога одам по планиниве
низ Македонија, секаде со себе си носам блокче. Тоа не се скици, туку готови
цртежи - минијатурни пејзажи со молив.
Многу го сакам човекот како мотив, сакам да сликам луѓе, портрети и цела
фигура” - додава.
Повеќе во 41 број на Лајф магазин