LIFE

Домот за мене е онаму каде што живеам и работам

·        Силвана БРКУЉАН
 
  Лајф: Да се даде една целосна и точна дефиниција на поимот самодоверба честопати е тешко и за самите психолози. Тоа е многу повеќе од само да се чувствувате добро кога размислувате за себе, да бидете горди за своите достигања или, пак, едноставно да Ви се допаѓа она што го гледате во огледало. На сите ни е потребно охрабрување во нашата самодоверба, па тргнувајќи од позицијата на психолог, дали тоа беше и основниот мотив за отворање на просторот на швајцарската амбасада како простор за младите македонски уметници?
Никол Вирш:Вашето прашање прво ме насмеа. Јас не посетувам психоанализа, па се наоѓам во подредена состојба и не можам соодветно да реагирам на претпоставките што ги правите во доменот на самодовербата. Но сигурно дека можам да зборувам за мотивите  за отворање на простории од швајцарската амбасада и поканувањето на некои македонски уметници да ги изложат своите дела. Прво, од личен аспект, комплетно сум одушевена од креативните начини на кои уметниците гледаат на работите, т.е. животот,  луѓето и околината што ги опкружува, социјалните аспекти и сл. Дури иако пораката на уметникот може да биде невообичаена, предизвикувајќи ја конвенционалноста и вообичаените дневни навики, секогаш се чувствувам збогатена од вербалните конфронтации со уметниците – тоа е личниот аспект на мојата мотивација. Вториот аспект е поврзан со мојата работа и повеќе e прагматичен. Малку е невообичаено за швајцарска амбасада да има галерија – па, се чувствував високомотивирано да ja употребам оваа прилично посебна погодност на амбасадата и да  направам нешто невообичаено и стимулирачко за двете страни – и за Македонците, како и за швајцарската влада, која ја претставувам овде.  

Лајф: Првото природно и човеково право - правото на живеење и на творење, денес е поврзано со обврската да разбереме.  Амбасадата на Швајцарија и Светската банка, се „втурнаа“  во проектот „Климатски промени=културни промени“. Од која причина? Верувате ли во можноста да се разбереме на едно повисоко ниво, занемарувајќи ги притоа дневнополитичките случувања?
Никол Вирш:Не сум сигурна дека разбирам што мислите под „обврска да разбереме“. Јас секогаш сум посветена на тоа да разберам и да „ја најдам смислата на тоа што го истражувам“, ова не ми е „обврска“, повеќе страст. Темата на изложбата „Климатски промени=културни промени“ дојде прилично природно: во следниот декември, ќе се случи голем меѓународен собир, Конференцијата за климатските промени во Копенхаген под покровителство на Обединетите нации, што ќе има ефект врз сите нас. Не е чудо, бидејќи во последно време има огромен број настани, книги, филмови и сл., поврзани со темата за климатските промени на повеќе места низ целиот свет. Како странец што моментално работи во Македонија, се чувствувам среќна да учествувам во пренесувањето на дел од „треската на климатските промени“ овде.  

Повеќе во 41 број на Лајф магазин