Под кожа

Сам свој чирак и калфа и мајстор

·        Мимоза Петревска ГЕОРГИЕВА  
Лајф:Кои беа вашите родители?
 Горан:Нада, актерка и Мирко, театарски режисер. Сјајни, вонсериски луѓе. Мајка ми имаше вонземска емоционална интелигенција, страшен увид во луѓето и лингвистичка пиротехника во изразувањето. Како да беше во натпревар со сите, па и со животот сам. Малкумина беа кадарни да ù парираат и тоа ја правеше осамена. Татко ми пак, обратно, имаше светло лице, широко срце и филозофска мирољубивост. Возбудлива комбинација.   
Лајф:Во каква куќа пораснавте?
Горан:По земјотресот во 1963 година се преселивме во финска монтажна куќа во Тафталиџе. И одеднаш се најдов среде скандинавски дизајн. Големи дупли прозорци со ролетни, дрвени текстури, удобни пропорции. Се сеќавам на зимските утра. Татко ми станал во ниедно време да ја запали нафтената печка и да ме разбуди за на училиште. Па јадам леб надробен во топло млеко со страшно многу шеќер. Па потоа отишле забите, е па - отишле.  
Како дете, првата желба ми била да бидам амал. Во Прилеп имаше амали со свиткана черга на грбот, па сакав како нив да носам каучи од продавница до трети кат. Од каде таква желба, ѓавол знае. Потоа мечтаев да цртам стрипови. А потоа да бидам фотограф, како оној од „Блоу ап“  на Антониони. Да имам автомобили и жени и гламур, но да бидам благо индиферентен кон сето тоа и да ме мачат само метафизички дилеми.  
Лајф:Кога првпат се напивте? 
Горан:Некаде во гимназиските денови. Едно по друго, две деци џин, па уште толку вотка. Не знаев дека телото има ограничувања. И тогаш дознав. И од тој ден не можам да помирисам џин, а и не сум многу по вотката. 

Повеќе во 41 број на Лајф магазин