окт
8

Завршна етапа на регатата „Пампур“ (08.10.2009)

 Вчера бевме на...


Победникот на октомвриската ПАМПУР регата, на која учествуваат 16 брода, во две класи, со македонски екипаж, ќе го даде денешната последна трка, која започна претпладнето, јавува Макфакс чиј репортер е дел од екипажот на Вертиго Вејв од Скопје.

Завршната делница е од Брач до Паклени Острови, Палмижана, во должина од 25 наутички миљи.

На вчерашната успешна трка, во категоријата над 45 фита, првото и второто место им припадна на Т-мобајл, додека третото место на Славе Герасимовски со “Шарпланинци”.


Во категоријата под 45 фита, првото место им припадна на Струмичани “Жеже Пече”, второто на “Семос”, а третото место го освои екипажот на “Загор” со скиперот Коце Петров, победникот од претходната мајска регата.

Пајковски Алексадар, претседател на Едриличарскиот клуб ПАМПУР, видно задоволен од текот на регатата, за Макфакс изјави:

“Иако поамбициозните скипери се малку разочарани од слабиот ветер, времето ни е како порачано. Атмосферата е прекрасна и сите екипажи се максимално задоволни. Вечерва на марината Палмижана (Паклени Острови) е затварањето на церемонијата, доделување на наградите и се разбира забавата која што најверојатно ќе трае до ситни часови!”