Здравје

Црниот леб - маркетиншка измама

Малкумина знаат дека вистински црн леб во нашите продавници речиси и – нема. Имено, брашното од кое се замесува овој леб би требало да се состои од мелени целосни зрна жито. Во неговиот состав влегуваат  и периферните делови од зрното како обвивката, што на црниот леб му дава темна боја. Но она што, за жал, го добиваме многупати е бел леб обоен со црни прехранбени бои. Според правилата за квалитетот на житото и пекарските производи, црниот леб би требало да се прави од брашно тип 1100, но кај нас тоа брашно речиси дека и не се произведува бидејќи потрошувачите не го бараат. Според тоа, може да бидете сигурни дека во пекарниците може да најдете само специјални видови леб што се бојат со дозволени природни супстанци како јачменов слад, во кои се додадени овесно или соино брашно или какао производи. Сите овие додатоци е дозволено да се ставаат во лебот и тие во суштина имаат својство да ја изменат бојата. Сепак, кај поголемиот број производители на леб многу лесно може да се забележат многу неправилности, а најголемиот број се однесува на неадекватното декларирање. Што значи дека на етикетата, наместо црн, мора да стои обоен или специјален леб. Инаку, шпекулациите дека во црните лебови може да се најде и кафе се бесмислени бидејќи тоа е економски неисплатливо. 

 Повеќе во 41 број на Лајф магазин