Економската состојба не е оправдување за површноста

Долго и стрпливо Стефан Хаџи Николов го гради својот специфичен стил - една сложена компилација меѓу фотореализмот и надреализмот. И со новата постановка неговото ,,разголено женско тело“ буди нежност, еротичност, замисленост, радост, тага, љубов, гордост, сон... испраќајќи ликовна порака и до најнеупатениот гледач. Но колку оваа спрега меѓу „живото женско тело“ и ,,духот на античката убавица“ ќе ве освои, останува да почекате до 26 ноември, кога во ,,Мала станица“ е закажана неговата последна изложба за оваа година. Како јаготка врз шлагот...

ПОВЕЌЕ   READ MORE
Предизвик е да се анимираат плејстејшн-генерациите

Кога сте опкружени со булук деца, сеедно дали се ваши или на роднините, пријателите, комшиите, покрај неодминливата врева и врвулица, секако дека ќе уживате и во многу подзаборавени привилегии. Едната од нив е без посериозна опасност некој да ве прогласи за инфантилни што можете и на постари години да ги посетувате прекрасните претстави на Театарот за деца и млади. Да си купите карти од билетарницата, да се почестите со една убава прошетка на плоштадот, па грицкајќи топли костени или пуканки пооолека да му се радувате на уживањето што следува

ПОВЕЌЕ   READ MORE
Боите на јапонското виножито
Да почнам од самиот крај: јас и Евдокија(фотографката, н.з.) од „Нобу“ си заминавме презадоволни. Не само затоа што есенското попладне си го збогативме со убави разговори со Надја и не само затоа што Јапонка подготвуваше суши пред наши очи, и не само затоа што храната беше одлична туку и затоа што сфативме дека на нашите читатели ќе им понудиме вистинска гозба од прекрасни фотографии бидејќи сушито без сомнение е најфотогеничната храна на светот!
ПОВЕЌЕ   READ MORE
Јанче, „чиста земја“

За Јанче дознав сосема случајно, од двајца студенти по архитектура, кои само што се вратија оттаму. Беа полни со импресии, особено бидејќи на лице место „граделе“ - сон на секој иден архитект. Но, она што мене ме привлече таму беше проектот „Чиста земја“

ПОВЕЌЕ   READ MORE
Пакување - првиот контакт со подарокот

Наближува сезоната на дарување, кога секој од нас сака да ги збогати празниците радувајќи ги своите блиски. Ако ова ви создава немир бидејќи веднаш почнувате да пресметувате колку тоа ќе ве чини, ве потсетуваме дека празнувањето не треба да ви создава грижи, како што подарувањето не треба да ве чини премногу. Она што се цени е вниманието и она што најмногу радува е издвоеното време. „Начинот на подарување вреди повеќе од самиот подарок“, вели Пјер Корнеј, па согласувајќи се со него, се упативме во „Ателје плус“ каде што Олгица Прошевска, пакувајќи обични нешта, од нив лесно прави необични подароци

ПОВЕЌЕ   READ MORE