Долго и стрпливо Стефан Хаџи Николов го гради својот специфичен стил - една сложена компилација меѓу фотореализмот и надреализмот. И со новата постановка неговото ,,разголено женско тело“ буди нежност, еротичност, замисленост, радост, тага, љубов, гордост, сон... испраќајќи ликовна порака и до најнеупатениот гледач. Но колку оваа спрега меѓу „живото женско тело“ и ,,духот на античката убавица“ ќе ве освои, останува да почекате до 26 ноември, кога во ,,Мала станица“ е закажана неговата последна изложба за оваа година. Како јаготка врз шлагот...