LIFE
Македонските Крис Ејнџел и Дејвид Блејн
· Златица ПЕТКОВСКА
Георги Гавровски-Гого е дел од „Реквием бенд“, за кој на шега вели дека е „најпопуларната непопуларна група во Македонија“, бидејќи не се застапени во медиумите, но секогаш имаат публика на своите настапи. „Уште од мал ме интересираа магијата и илузијата, а на времето купував книги од Биг Лале, единствениот магичар во Југославија кој тогаш беше многу популарен. Потоа почнав да се занимавам со музика, давајќи ù предност пред магијата, но пред неколку години решив повторно да им се вратам на триковите, и овој пат тоа да го правам професионално“, раскажува тој. „Часови за техниките на работа за стрит-магичари земав преку интернет, а сега веќе и самиот држам такви часови. Се работи за десет часа во кои се учи базата на стрит-магијата, бидејќи секој магичар мора да ги знае неопходните правила, на пример, како да ги држи и како да ги меша картите... По совладување на основата секој за себе си одредува со каков тип магија ќе работи. Веќе има заинтересирани млади момци што ги посетуваат моите часови, па сметам дека во рок од пет години ќе се развие одлична екипа во Македонија, што е предуслов понатаму да се работат многу поголеми проекти“, објаснува тој.
Постојат повеќе видови магија, како детска, со комедија, стејџ (за на бина), клоус ап (одблизу)... Георги и Горан ја работат бизарната магија. „Бизарната магија вклучува приказни за духови и демони, страшни, крвави па и буквално хорор-приказни. Вклучува необични нешта, во кои влегува дури и вуду-магијата. Сепак, не би сакале фокусот на нашите почетоци да биде фрлен над бизарното, туку над стрит-магијата. Буквално одење по улица и правење трикови на спонтано најдена публика, без претходно подготвена сцена или инволвирани луѓе“, велат тие.
Стрит, односно уличната магија е специфична поради непосредниот контакт со публиката, која не доаѓа кај магичарот, туку тој кај неа. Токму затоа е особено важно да се прочитаат желбите и реакциите на луѓето.
Повеќе во 42 број на Лајф магазин