Патуваме

Јанче, „чиста земја“

· Силвана Бркуљан

· Евдокија Николова (фото)

Есента во Македонија е прекрасна. Буквално ве втурнува во мигови од чии глетки здивот ви застанува. Особено, делот околу кривулестата Радика возбудува, каде што на секои 500 метри пејзажот се менува. Ви се присторува како да сте пред огромно платно на некој импресионист. ,,Сликарската четка“ не направила ниту еден погрешен потег. Дали тоа сликата ја „имитира“ природата или, пак, обратно?! Совршенство во бескрај.



Тефик Тефикоски-Тутто



















На 27 километри од браната во Маврово, на патот кон Дебар, од левата страна се наоѓа селото Јанче. За топонимот се претпоставува дека доаѓа од турскиот збор јан - што би означувало дол, иако не сум сигурна многу во веродостојноста, бидејќи Јанче се простира на... рид.

Патувајќи накај Јанче, се сетив на една легенда врзана за ова село која ја отсликува климата во овој дел. Имено, според кажувањата на старите, времето во Јанче е секогаш исто како во Солун! Чудно, но велат истите тие, дека тоа многупати се докажало.

И така, малку есенски носталгично растреперени, пристигнавме во Јанче, село со педесетина куќи. Го баравме Тефик Тефиковски-Тутто, човекот за кого велат дека сака од Јанче да направи - варош. Го најдовме во хотелот „Тутто“, оддалечен само еден километар од регионалниот пат Гостивар-Дебар. Хотелот навистина има прекрасна локација. Сместен во ридско-планинскиот предел на подножјето на Бистра, од ова место се отвора прекрасен поглед кон селото, чии куќи сè уште имаат специфична градба и стара архитектура. Мислам дека останаа малку села во Македонија кои ја задржуваат својата автентичност. Дури и оние што полека „се будат“ и прават напор да го оживеат селскиот туризам, како да прават една голема грешка. Се градат нови куќи, се обновуваат старите, но притоа не се води сметка за автентичноста. Новите куќи по македонските села наликуваат на градски. Но дали е тоа она вистинското?

Повеќе во 42 број на Лајф магазин