Под кожа

Економската состојба не е оправдување за површноста

· Силвана БРКУЉАН

 Сè додека Бог не ни го даде нераспаѓачко тело, како што ни вети, ќе живееме во ова распаѓачко тело полно со болка.“ Парафразирано, вака вели апостол Павле во Новиот завет, а на него се повикува Ефтим Клетников, во најавата на каталогот во кој го презентирате Вашиот последен труд: 22 дела во кои телото, поточно женското тело, е повторно она што разбранува и возбудува. До кога таа опседнатост со женското тело?
Торза близначки, масло на платно, 45 x 80см, 2009

Пријателки 2, масло на платно, 80 x 100см, 2009

Пријателки 1, масло на платно, 80 x 100см, 2009

Враќање на воинот, масло на платно, 80 x 100см,2009

Минливо и неминливо, масло на платно, 100 x 120 см,2009

Миг и вечност, масло на платно, 100 x120 см,2009

Досонување 2, масло на платно, 80 x 100см,2009

Замисленост, масло на платно, 80 x100 см, 2009

Патоказ на убавината, масло на платно, 80 x 100см, 2009

Школка. Миг.Вечност2, масло на платно, 80x100см,2009

Досонување1, масло на платно, 81 x 120см,2009

Кај е клучот, масло на платно, 100x120см,2009

Школка. Миг.Вечност1, масло на платно, 100x120см,2009

Сеќавање, масло на платно, 100x120см,2009

Порта на времето,масло на платно, 100x120см,2009

Езерото кај Робевци, масло на платно, 100x150 цм,2009

Стефан: Женското тело го сликам повеќе од 20 години. Опседнатост, до кога? И самиот некогаш се прашувам зошто некој друг мотив не го задржува подолго моето внимание. Кога ќе размислам на колку различни начини сум ја претставувал женската фигура последниве 20 години и кога на последнава изложба, каде што досега технички најсовршено сум ја насликал, ќе почувствувам дека имам уште многу да истражувам, сигурен сум дека ќе продолжам да го сликам женското тело и во иднина. Сликам и нефигуративни слики, кои претставуваат пејзажи на мојата душа. Мислам дека сликањето на пејзажите на душата, каде што нема фигура, придонесува да не дојде до некое презаситување од фигуративното сликарство.

  Очигледно е колку женското тело кај вас го ,,извлекува“ еротманскиот хедонизам. Дали поттикот го дава некоја внатрешна енергија, скриена во еден поинаков ,,хабитус“ во телото на човекот?

Стефан:Секојдневно женската фигура, помалку или повеќе разголена, визуелно ја примаме преку безброј фотографии во печатените медиуми или преку десетици ТВ-канали. Девојките што ги гледаме се
убави, но начинот на кој се прикажани не ми се допаѓа. Во моите дела го сликам женското тело на начин на кој мислам дека го заслужува тоа.
Внимателно ја одбирам позата на фигурата што ќе ја сликам за да можам преку таа поза да искажам нежност, еротичност, замисленост, радост, тага, љубов, гордост, сон... Колку ќе биде облечена или соблечена и во кои делови од телото е многу важно. Сè почесто наместо сува, сликам водена драперија. Водената драперија е навистина тешка за сликање, но нејзината залепеност за женското тело е далеку поеротична од обичното голо женско тело и затоа ја сликам во случај кога сакам да го нагласам еротичното во таа фигура.

Повеќе во 42 број на Лајф магазин.