Семејство

Боите на јапонското виножито

· Златица ПЕТКОВСКА

 

Сместен меѓу многуте кафулиња на улица Ленинова се наоѓа единствениот јапонски ресторан во Македонија - „Нобу“, каде што од самото отворање пред три години работи менаџерката Надежда Попоска – Надја. „На почетокот беше особено тешко да се набават потребните состојки, бидејќи кај нас немаше апсолутно ништо од она што е потребно за да се направи вистинско суши.

Сите готвачи минале неколкумесечна обука, а во една смена работат дури по тројца од нив. Суши-мајсторот е задолжен за главното јадење, друг готвач за салатите, а трет за останатите, како на пример, за пржените темпура-јадења











Сушито е исклучително здрава и нутритивна храна бидејќи содржи алга, риба и ориз, па воопшто не е тешко за јадење









Сега во поголемите маркети веќе може да се најде по нешто, но автентичниот соја-сос за суши, на пример, сè уште го носиме од Солун“, вели таа. „Рибата се носи свежа, на мраз, но е особено тешко да се дојде до свежа туна, па и таа се носи од Грција“, додава. Јапонската кујна изобилува со морска храна како риба и алги, па секако дека одржувањето на ваков ресторан е многу полесно во држави што излегуваат на море. Сепак, благодарение на посветеноста на тимот што работи во „Нобу“ и Македонците имаат можност да вкусат добро подготвено суши.

...

Земете парче суши, натопете го во сос и уживајте во оброкот! Јадењето со прсти за Јапонците е прифатливо и при најофицијалните деловни средби, па нема потреба да се чувствувате непријатно.


                                                Повеќе во 42 број на Лајф магазин