Големата Мајка

Кога првпат ја здогледав „Тетовската менада“ во нејзината оригинална големина, за миг останав без збор. Бев изненадена од нејзината „малечка“ големина, но и од силната енергија што ја даваше преку дебелото музејско стакло. Тогаш впрочем и се замислив, колку всушност ние знаеме за предметите пронајдени на археолошките локалитети? Колку приказни тие ни откриваат? Ова е приказната за Големата Мајка

ПОВЕЌЕ   READ MORE
Не постои смисла без оптимизам и без надеж

Во наредниот период нејзиното име повторно често ќе се споменува. Објавувањето на нејзиното ново цеде, за Лајф не беше причина, туку случајна коинциденција. Поинаква од пред дваесетина години, кога првпат ја слушнавме, минувајќи низ бури и невремиња, оптимизмот не ја напушта, калејќи ја во жена која токму затоа денес изгледа зрело и сигурно. „Патот по кој одиме, го одиме и за оние по нас“... Ребека Јанковска

ПОВЕЌЕ   READ MORE
Љубовта се умножува, не се дели

Сакаш трето дете? Се избори за пензија? Не? Ти си луда! – се само дел од коментарите со кои ме избомбардираа кога решив да имам трето дете. Се прашувам како ли реагира просечен македонски граѓанин кога ќе се соочи со десетчлено семејство на улица? За кого две деца се веќе сериозен „eнтерпрајс“. Од здравствени, економски, филозофски, конформистички и ред други причини. Клео и Јасмина се една сосема поинаква приказна. Имаат осум деца, а отсекогаш сонувале за шеснаесет

ПОВЕЌЕ   READ MORE
Откако сум роден имам негативен публицитет

Чудесна мешавина од одметник и витез, актерот Кирил Поп Христов и самиот за себе вели дека е Кили наречен Контра. Публиката најмногу го препознава како некој што не се двоуми жестоко „да опали“ по малограѓанските вредности и воопшто сè она што му „вреѓа“ очи. За својата најнова улога во филмот „Панкот не е мртов“ вели дека пресликува многу негови лични животни епизоди. Меѓу другото, за Лајф отворено говори и за старите добри времиња, за престојот во затвор, за своето семејство...

ПОВЕЌЕ   READ MORE
Пишувањето е чудесна авантура
Некој што живее опкружен со убави мисли и зборови не може и самиот да не придобие од тие ведрина и спокој. Винка Саздова (издавач и автор) е токму таква кога зборува за патувањата, оние вистинските, во Индија, и оние уште повистинските – низ страниците на книгите и во длабочината на сопствената душа

ПОВЕЌЕ   READ MORE