Патуваме
Големата Мајка
Кога првпат ја здогледав „Тетовската менада“ во
нејзината оригинална големина, за миг останав без збор. Бев изненадена
од нејзината „малечка“ големина, но и од силната енергија што ја даваше
преку дебелото музејско стакло. Тогаш впрочем и се замислив, колку
всушност ние знаеме за предметите пронајдени на археолошките
локалитети? Колку приказни тие ни откриваат? Ова е приказната за
Големата Мајка
Тоа е едно поинакво време. Време на класна еднаквост, бидејќи никој и немал повеќе. Време кога опстанокот се мерел со бројот на заловени животни и кога Сонцето и Месечината ги означувале почетокот и крајот на животниот циклус. Тоа е време на сурова сила на мускули и животински инстинкт. И во едно такво прастаро време (за многумина, можеби, досадно време), од рацете на нашите предци ,,извирала“ убавина, чија цел била да се прикаже ТАА - обожавана и почитувана. Денес би ја нарекле ДАМА, а би се однесувало на СЕКОЈА ЖЕНА, високопочитувана заради нејзиниот придонес во заедницата.
Големата Мајка Прикажан е мигот на раѓањето на Мајката, излегувањето од куќата и бдеењето врз домашното огниште. Фигурината е висока 39 сантиметри, а е пронајдена во 1981година во Тумба, Маџари.
Жртвеник, висок 25,5 см. Пронајдена е во Тумба, село Породин, Битолско.
„Трудната“ фигурина е секогаш претставена како убавица свесна за своето место и значење.
Фигурина на жена која седи. Висока е 9,5 см. Декорацијата и е мошне слична на тетоважа.
Антропоморфен цилиндер (фигурина), висока 18 см. Дел од жртвеник што ја прикажува ГОЛЕМАТА МАЈКА. Косата е пластично обликувана во двојна плетенка со- брана со вертикална шнола.
. Понекогаш недостига дел, понекогаш пак се наоѓа само дел, но на конзерваторите и тоа им е доволно да ја претстават оригиналната фигурина.
Фигурината е всушност бескрајна приказна. Во нејзината изработка точно може да се забележи и „откривањето“ на столчето или, пак, креветот!!!.
Антропоморфна ваза висока 7,5 см. Наречена е Јовка, по домаќинката што работела на теренот кога археолозите ја истражувале, а имала исти облини како таа фигурина...
Првите организирани истражувања на наша почва од периодот на неолитот и енеолитот се направени пред пет-шест децении. Обработени се околу 400 праисториски локалитети, за денес да ја раскажуваме приказната за 94 фигурини, изработени од глина и една од мермер.
„Дамите“ за кои говориме датираат од шестиот до третиот милениум пр.н.е. Уште еден плус повеќе во размислувањата дека жената „нема“ години - овие дами се стари меѓу 8 и 5 илјада години. Откривани се безмалку секогаш во куќите и тоа во одреден простор означен како култно место или, пак, во куќи за кои се претпоставува дека во целост биле користени како светилишта. Ова е период од кој многу ретко се откриваат фигурички со машка појава. Наспроти женските фигурини, процентуално би можело да се каже дека се наоѓаат и зооморфни фигурички, што покажува дека доминикацијата е завршена - овцата, кравата, телето... луѓето ги имаат до себе, значи ги совладале параметрите за подобро и помирно живеење. Богатиот духовен живот пак го прикажуваат со она што го имаат - со глината. Глината е нивното писание и нивниот медиум за искажување. Во неа ги оставаат своите впечатоци, мисли, своите чувства...
Жената како идол
Првите откритија од фигуричките наречени Големата Мајка, се пронајдени во Пелагонија, а се потврдени и во скопскиот, тетовскиот, кумановскиот и регионот на Овче Поле. Тоа се фигурички со женски облини во
форма на цилиндар поставени врз модел на куќа. Со своите раце и со својата става таа е директен заштитник на домот и на куќата. Стои над куќата и го штити семејството. Секоја од нив е единствена, а сепак често личат една на друга. Тоа пак н
è
упатува на контактите на жителите од овие подрачја, како и на податокот дека тие обожавале исти богови и имале исти верувања. Интересен е податокот дека овие „дами“ имаат ограничена територијална рамка. Пронајдени се само кај нас, иако некои фрагменти се сретнати и во неколку соседни земји.
Повеќе во 43 број на Лајф магазин