Патуваме
Мамо, jас сум во Ирак – ТОП ми е
· Марко ГЕОРГИЕВ
Во Ирак е ТОП. Мислам дека сè уште сонувам. Вчера се разбудив – од огромна експлозија што ја затресе цела зграда. Огромна автомобил-бомба некои 2 км оттука, која во моментот на детонација спржила 90 луѓе. Детонацијата ми ја отвори вратата од балконот, а сигурен бев дека ја заклучив пред тоа.
Летањата со хеликоптер тука се супер, особено ноќните полетувања и слетувања во жешките зони, каде што врнат ракети околу нас. Во Басра беше најгадно: за еден ден паднаа околу 70 минофрлачки гранати околу нас! Но, толеранцијата на детонации и експлозии од звуци ми се подобрува! Во Фалуџа, на пример, често се будев од сон бидејќи во бараката до мојата некој гласно ја трескаше вратата цела вечер. Следното утро кога станав изнервиран и сакав да го најдам тој шупакот кој трескаше цела вечер, дознав дека нема никаков шупак. Тоа било само 150 милиметарска хаубица на некои 250 метра од мене која испукувала светлечки ракети цела вечер.
Хелихоптерски лет над Басра
Ирачани во облак од песок предизвикан од слетување на хелихоптер недалеку
Багдад е супер! Нашето биро има готвачи, еден тон бесплатно пиво, базен и… околу 70 мачки. Имаме и воздушна пушка. Да - често ја користиме! Ни снемува дијаболи во последно време, но имаме и околу 50 чувари и сите од нив носат „калашникови“. На покривите од куќите има митралески гнезда со шарци и понекој драгутинов снајпер. Прашање на време е кога ќе се опиеме и ќе му дигнеме калаш на некој од чуварите. После тоа нема да има мачки. Имаме и две одвратно опасни кучиња, од непозната раса, удомени од некоја смрдлива багдадска улица. Ги пуштаат слободно да шетаат навечер. Шефот на бирото реши да ги засолни засекогаш кога почнавме да шетаме со ножеви во периметарот на бирото. Знам дека му олесни на Мајкл Камбер, колегата-фотограф што ја нема брадавицата на едната града…
Надвор од бирото е сериозно опасно. Ако те приметат дека си странец, не е прашање дали, туку кога ќе дојдат по тебе.
За да се вклопам во околината морав да ја ишишам мојата долга хеви-металска коса - по 13 години носење. Сега ја носам косата со еден тон гел, залижана наназад. Личам на ирачки сексуален предатор.
Повеќе во 43 број на лајф магазин