Во наредниот период нејзиното име повторно често ќе се споменува. Објавувањето на нејзиното ново цеде, за Лајф не беше причина, туку случајна коинциденција. Поинаква од пред дваесетина години, кога првпат ја слушнавме, минувајќи низ бури и невремиња, оптимизмот не ја напушта, калејќи ја во жена која токму затоа денес изгледа зрело и сигурно. „Патот по кој одиме, го одиме и за оние по нас“... Ребека Јанковска
·
Силвана БРКУЉАН
Лајф: Голем дел од македонската естрадна сцена боледува од состојбата наречена имитација на животот. Кај тебе како нештата да се поставени обратно. Зад маската ,,убава девојка“ го буткаш фазонот на „плавуша“, скривајќи ги вистинските вредности што ги поседуваш.
Од фото сесијата на LiFE магазин
Од фото сесијата на LiFE магазин
Од фото сесијата на LiFE магазин
Од фото сесијата на LiFE магазин
Од фото сесијата на LiFE магазин
Од фото сесијата на LiFE магазин
Од фото сесијата на LiFE магазин
Од фото сесијата на LiFE магазин
Од фото сесијата на LiFE магазин
Од фото сесијата на LiFE магазин
Ребека: Ти благодарам. Концептот на убава девојка и „плавуша“ секогаш е пакет број еден кога станува збор за шоу-бизнисот. А животот беше и убав, но и честопати неправеден, а и суров од 2006 година наваму. Тагата остава печат врз убавината на животот во сите сфери, а за беспомошноста во определени ситуации подобро и да не зборувам, мислам дека тие неколку моменти ми го скратија животот.
Лајф: Понекогаш се чини дека нашава почва е расадник на музички таленти. Има концепт, колорит, убава женска сензуалност, но и машка маскулозност. Но на ,,проширената сцена“ (надвор од Македонија), на прсти се бележат нивните настапи. Дали менаџирањето е лошо или, пак, во напливот на квантитет се заборава на квалитетот, останувајќи на ниво на муабетење по кафеани?
Ребека: За вака мала држава, навистина имаме таленти, но сега ќе следи списокот на она што го немаме за да се добие вистинската смисла на естраден бизнис:
·
Немаме доволно пари - не се успева во шоу-бизнис без пари! Главно сме зависни од финансирање од спонзори, инаку сè друго е самофинансирање, а ова второто е најчесто и мојот пат, за жал.
·
Не постои доволно моќна и професионална менаџерска екипа која може да се справи со светските, од повеќе причини - музичкиот менаџмент е релативно млада професија кај нас, немаме традиција, сè што е претходно направено било преку поранешните државни институции, продукциите немаат свои буџети и се зависни од спонзори. Не постои најдобар термин во музиката, тоа е прашање на вкус, постои само голема инвестиција и мала инвестиција.
·
Нашиот јазик, македонскиот, е мала барикада – има смисла кога слоговната ритмика се прави во ритми како 9/8 или 11/16, но во 3/4 или 4/4-такт сме ограничени на кратки зборови без членување, а со кои не може да се постигне поента или естетика на самата стиховна структура. Понатаму, употребата на обраќање во второ лице еднина во сегашно време е тешка - сите глаголи завршуваат на консонант, што е доста неповолно. Во спротивно, српско-хрватскиот или латинската група јазици се многу попевливи, речиси сите зборови завршуваат на вокал, па е лесно да се употребуваат покомерцијални ритмички изрази.
· Правната нерегулираност на домашниот пазар
· Домашниот сиромашен пазар
· Разединетата дијаспора без професионални менаџери
· Немањето црвена линија како културна национална стратегија
· Домашното разбирање на музиката само како забава - пред сè, музиката треба да е прво уметност, па потоа забава.
· Бесрамното медиско натурање на мутантните правци од типот на турбо-фолк, на сметка на вистинските музички вредности, од што произлегува, пак, лошото музичко образование на помладите генерации.
· Немањето цензура на поголемиот дел од радиските медиуми за шундот, немањето квалификуван кадар за таа дејност во медиумите.
· Склоност на публиката за скандал по секоја цена - за жал, денес на балканските простори повеќе продава скандалот отколку квалитетот.
· Основна институција на социјално-културниот живот на Балканот е кафеаната, а не културните институции.
Повеќе во 43 број на Лајф магазин