LIFE
Свингери од соседството
Една љубопитна Канаѓанка го вовре својот фотоапарат зад завесата на свингерските клубови во Америка. Наоми Харис,
која го извлекува бизарното од обичното, го наоѓа чудното, па и
чудесното во тривијалното, посвети речиси пет години за да направи
фотографии од четириесетина свингерски забави низ САД. Фотографиите што
ги документираат оргиите во кои сексот е сместен во неочекуван
„несекси“ контекст се сместени во America swings, во издание на Taschen
· Златица ПЕТКОВСКА
Лајф: Присуствувавте на повеќе од четириесет свингерски забави. Може ли да ја издвоите најчудната или за Вас најизненадувачката, меѓу „седенките“ што се бизарни сами по себе?
Наоми
: Имаше толку многу разни видови забави: голи регати со триесетина бродови врзани заедно во Мајами; разголени вечери за Денот на благодарноста; Супербол-забави каде што вниманието беше повеќе насочено кон оралниот секс отколку кон самиот натпревар. Но мислам дека првата свингерска забава на која бев, Swingstock, засекогаш ќе ми остане незаборавна. Тоа беше четиридневен фестивал на кампување и блудничење, при што некои луѓе беа во шатори, други во приколки, па дури и во големи кампинг-автобуси. Присуствуваа околу 1.000 луѓе, а беа многу активна група, па сето тоа беше исклучително визуелно. Навистина е фасцинантно да се шетате низ шумата и одеднаш да наидете на маж што задоволува жена во нишалка додека ги гледа цело друштво собрано околу, вклучувајќи и жена што си ги мие забите!
Лајф: Една од Вашите фотографии е снимка од група голи луѓе кои седат околу трпезата подготвена за Денот на благодарноста. Дали е тоа реална или наместена ситуација? Дали свингерите најчесто се и нудисти?
Наоми
: Ова е чувствителна тема: свингерите често се нудисти, но нудистите не се по правило и свингери и многу се навредуваат кога ќе бидат вброени во таа категорија. Да се биде вистински нудист значи да се ужива во сопствената голотија на отворено, во природа и да се биде ослободен од ограничувањето на облеката, и нема ништо сексуално во тоа. Но, да, фотографијата е реална – тие одлучија да го прослават Денот на благодарноста како од мајка родени!
Лајф: Свингерите се егзибиционисти, но и членови на засебен, повлечен клуб. Колку беше тешко да се убедат да се покажат себеси на фотографија и како им ја објаснивте целта на фотосесиите?
Наоми
: Уште од самиот почеток бев искрена околу желбата да направам ваква книга. Секогаш барав да потпишат писмена согласност за да ги заштитам и нив и себе. Но, иако многумина може да бидат егзибиционисти меѓу своите пријатели од секс-клубот, тоа не значи и дека сакаат остатокот од светот да дознае што прават. Ги фотографирав само оние што беа расположени и согласни да бидат фотографирани и никому не му вршев притисок да учествува. Тоа мораше да биде заемна соработка, бидејќи не сакав поради мене некој да ја загуби работата или да има семејни проблеми.
Повеќе во 43 број на Лајф магазин