LIFE
Италија е прекрасна
Н.Е. Донатино Маркон, амбасадор на Република Италија во Македонија, е дипломат кој не ја „сака“ политиката, не е фудбалски фан, ниту пак ја бара „златната рипка“. Вели дека ништо не го лути, а одговорите ги дава кратко и концизно, служејќи се со шармот на мајчиниот јазик, по кој Италија едноставно мора да ја сакате
Силвана Бркуљан
Господине амбасадор, во нашата земја сте извесен период. Успеавте ли да се навикнете на неа?
Донатино Маркон:
Многу, многу е лесно да се навикнеш на Македонија. Дури би рекол – премногу лесно. Вашата земја дава можности со огромна леснотија да се стане дел од неа.
Италија беше меѓу првите земји што ја признаа независноста на Македонија. Во 1993 беше отворен генералниот конзулат во Скопје кој во 1995 година прерасна во амбасада. Како денес ја гледате интеграцијата на Македонија во однос на поширокиот процес на интеграција на Балканот?
Донатино Маркон
: Што се однесува до регионалниот контекст, Македонија направи енормни чекори во својата интеграција во последните неколку години. Како основен доказ е податокот дека Македонија повеќе години е кандидат за членство во Европската унија и цврсто верувам дека, и покрај последните збиднувања, в година ќе добие датум за почетни преговори. Сметам дека ова е еден извесен и неоспорен доказ.
Н.Е. Донатино Маркон, амбасадор на Република Италија во Македонија
Образовниот систем во секоја земја е огледало на сопствената историска меморија.
Италија е плејада од преубави разноликости.
Охрид e град со преубава историја, пребогат со уметност и со езеро кое е толку прекрасно што напати мислам дека е море.
Од јануари до 31 декември 2010, Италија претседава со Г-8. Целта беше воспоставување инклузивен пристап во однос на новите земји, земјите во развој и меѓународните организации, за изнаоѓање поефикасно решение на глобалните предизвици. Успеа ли Италија во својата цел?
Донатино Маркон
:
Искрено би кажал дека Италија сама како земја не би можела да ја достигне оваа цел. Тука е неопходно (и логично) да се спојат сите земји (нормално, зборуваме за земјите со најголема индустриска развиеност) и заедно да се стремат не кон помош, туку кон развој на третите земји. Да им помогнат така што ќе им помогнат да се развијат, а не да им даваат само помош. И за нас, високоразвиените индустриски земји, е многу важно земјите во развој (кои, за жал, ги има многу) да достигнат барем одредено ниво на развој. За развиените земји е во интерес во овие земји да се обезбедат нормални услови за развој и живот, да се создадат на пример работни места, бидејќи автоматски со тоа и емиграцијата кон западните земји би се намалила, што би значело и растоварување на големите проблеми.
Повеќе во 44 број на
LiFE
магазин