Под кожа

Вистинскиот манекен останува тоа цел живот

Сардисана меѓу потребата да се акцентира една во меѓувреме попатно изгубена (а тешко здобиена) вредност и опасноста тоа да не прозвучи патетично, пристрасно и тенденциозно, со особено внимание се нанижувани зборовите од овој текст, кој треба да долови една посебна генерација од една посебна професија, во едно посебно време, на кои сум посебно горда дека сум била дел

Коки Коленцов

Ирина Доганџиска

Јованка Мазиќ

Снежана Јаначкоска-Сани

Враќањето на старите модели секако е за поздрав, тие секако можат да бидат ставени во функција

Таа искра на манекенско искуство секогаш ќе зазрачи од секој од нив

„Имаше некаква посебна енергија која струеше меѓу нас“

„За екипата, иако имаше свои стандарди, сепак најважниот иако невидлив елемент беше енергетскиот влог“

Од денешна дистанца јасно е дека отпечатокот е силно врежан во колективната меморија

Мислам дека потсвесно се чувствува обврската кон епитетот манекен


Дел од столбот на македонското манекенство, односно непобитно дел од најуспешната манекенска екипа кај нас, с è уште се најпрепознатливите фаци во македонската мода иако својата манекенска кариера ја завршивме уште пред десетина години. Но да се остави белег, да се испише трага, да се маркира топонимус на сопственото постоење (дејствување) зар тоа не е иманентна потреба на секое човечко битие. А тоа што сведоците од времето кога овие манекенски ликови активно дејствуваа, с è уште носат јасни (и пред с è пофални) слики од тоа, би можеле можеби да го протолкуваме дека јасно говори за квалитетот на себеинвестирањето во тој не секому од Бога даден ангажман, и дека тоа не била само минлива, ефемерна сенка на времето во наизглед најефемерната професија на светот.


Ирина, Јованка, Тања, Коки с è уште со страст што веројатно никогаш нема да згасне, зборуваат за своите најдобри денови во манекенството, толкувајќи го притоа парадоксот на немањето континуитет во еднаш веќе тешко освоениот квалитет и дигнитет.

Така, Тања ќе рече: „ Се чувствувам навредена и лута кога денес некои ја девалвираат и срамотат работата и многу ми е жал што чувствувам немоќ што не можам ништо да сторам. Кој с è се појавува денес, понекогаш е срамно да се соочиш дека некогаш си бил дел од тоа, ама во исто време и задоволство дека си го дал најдоброто од себе тогаш кога си можел “.

Јованка, пак, вели: „ Имаше некаква посебна енергија која струеше меѓу нас . Од подготовките, самиот настап, појавувањето на сцената, благата трема која значеше сериозност пред с è , енергијата што публиката ја возвраќаше. Токму за таквите моменти тагувам и искрено денес не ја чувствувам таа енергија. Чувствувам сувопарност во чекорот, во настапот, во тоа како се носи моделот.Чувствувам недостатоk на жар во очите на девојките. Денес ми се чини дека премногу сериозно сме се посветувале на таквите моменти. Премногу љубов и посветеност. Ентузијазам најмногу “.

За Ирина одговорот на прашањето за силината на оваа посебна дружина е едноставен - во идивидуализмот и вистинитоста на мотивите, па затоа и ќе рече: „ Бевме елитна екипа, како и да звучи тоа. И настапувавме во име на екипата, иако секој поединечно се вложуваше максимално професионално, па затоа и идентитетот не ни беше загрозен“.

 

Повеќе во 44 број на LiFE магазин