Семејство

Топла руска зима

Вкусувањето специјалитети од светските кујни овој пат го врзавме со студената Русија, во чие име нè пречекаа жени со неверојатно топли срца. Пред да стигнеме во домот на м-р Елена Сиљаноска, Евдокија ми откри дека таму јас ќе бидам единствената од неруско потекло, бидејќи и нејзините фамилијарни корени се протегаат до тие северни краишта. Тоа беше уште една фина коцкичка додадена во мозаикот од ѕвонливиот руски јазик, вкусната традиционална храна и богатството на руската песна со кој се украси нашето попладне

Златица ПЕТКОВСКА

 

Ручекот во Русија обично се состои од три солени јадења, предјадење, супа и главно јадење, по што се служи слатко

Здружението „Чајка“, е формирано за да се негува руската традиција и култура во Македонија

Руската традиција е нераскинливо преплетена со уметноста, па тоа важи дури и за ритуалот на пиење чај

Руската дијаспора насекаде во светот има женски лик

Елена Михаилова Кипријановска

Елена Ковалјова Силјаноска

Марина Тишенко Симоновска

Пажалујце к сталу

Штом се отвори вратата ме освои пријатната домашна атмосфера и апсолутно ме воодушевија руските дами облечени секоја во поинаква, преубава носија. Фантастичен спектар на бои и три различни, искрени и незапирливи смеења ја стоплија собата и самите го создадоа почетокот на нивното претставување во Лајф магазин. Во истиот миг си запишав – Убави жени! Со извичник. Три прекрасни жени чии лица не престанаа да зрачат позитивна енергија беа нашите руски домаќинки: Елена Коваљова Сиљаноска, Марина Тишенко Симоновска и Елена Михаилова Кипријановска. Тие се членки на здружението „Чајка“, формирано за да се негува руската традиција и култура во Македонија, во чии рамки функционира и истоимениот вокален ансамбл. Заедно со останатите членки на „Чајка“ вообичаено се собираат во Домот на градежниците, но поради тамошното реновирање, нивните седмични средби се преселени во станот на Силјаноска, каде што им се придружуваат и нејзините ќерки Анастасија и Димитрина. Еднаш неделно цела зграда слуша руски песни, а за среќа, никој не се поплакал. Напротив, добиваме честитки од соседите , задоволно коментира нашата домаќинка. Женскиот ансамбл што ги развеселува и соседите постои веќе десет години. Особено ни е драго што во реномирано списание како Лајф ќе ја отвориме Новата година, бидејќи токму во 2010 година ќе го прославиме нашиот јубилеј како здружение и организација официјално регистрирани на 8 март 2000 г. Јубилејот ќе го одбележиме со голем концерт на Градскиот плоштад каде што ќе настапат и гости од Русија, како и од руската дијаспора, додава таа.

Повеќе во 44 број на
LiFE магазин