Под кожа
Каква и да си, дојди
За себе ќе рече дека е отворен актер
кој сака да дарува љубов, едно големо дете кое знае да се радува и човек кој би оставил с
è
единствено за да замине некаде да снима филм или претстава. За Петар Горко целта е да ги задржи
своите животни норми, кршејќи ја
бариерата на „престолнини и провинции“ во Македонија.
Лајф:Театарот е и илузија на стварноста... може ли да ги менуваме човечките одлики и да ,,размислуваме“ дека конкретната визуелизација на одредени општествени односи ќе ни донесе и подобра стварност?
Петар:
Точно е дека театарот е неколку чекори секогаш пред реалниот живот, тоа може слободно да се каже и за оваа криза во која влезе светот, кризата во театарот почна многу порано. Така што често се случувало во историјата на театарот некои нешта да го претскажат на некој начин развитокот на настаните, во кој правец ќе се движат. Секако тука не зборувам за оној вид театар, посебно оние комедии што ја отсликуваат само реалноста и се исмеваат со неа. Зборувам за оној театар што се занимава со вредна уметност, во кој концептуално и самиот режисер и актерите во него имаат што да кажат, предвидат, сакаат да се случи, да создадат на некој начин илузија за она како би требало да изгледа светот, односно како ние уметниците го доживуваме тој свет во борбата да се оди секогаш напред, кон подобро и поубаво живеење.
Каква и да си, дојди-Петар Горко
Космополитизмот како прекрасен правец на размислување не постои на Балканот
Се надевам дека ќе дојде и тој ден кога мојата уметност ќе се најде на големо платно (сцена од „Магбет“)
Со својот прекрасен битолски театар патував многу и нè видоа огромен број гледачи. Тоа сега ми недостига, таа многубројна публика. (сцена од ,,Ромео и Јулија)
Слободан Шнајдер напиша прекрасен текст и тоа е една улога која во портфолиото на Петар Горко остава голема трага, …
…па за кариерата може да се рече: пред и по Тито, на некој начин.
Јас сум вљубеник во компјутерите и сега посебно на „Фејсбук“ (facebook) и на „Јутјуб“ (youtube), промовирам сè што се случува
1.500 изведби, 63 улоги, од кои 32 главни
Кај и да си, дојди: пијано - Вангел Мажевски, гитара и ут - Пеце Јуруковски и саксофон и вокал - Никола Петровски.
Лајф:Каква е нашата вистина? За нас, нашите пријатели... соседи?
Петар:
Искреноста е една од доблестите што не се почитуваат како такви во денешно време, така што и самата вистина за мнозина е болна или би можела да создаде болки. Така и нашата вистина како Македонци, кармично поврзани со самата почва на која живееме, од каде што е еден голем војсководец кој бил невиден освојувач, денес н
è
доведува до една ситуација од која не можеме да се избориме со вистината за нас пред оние што многу добро ја познаваат, а сакаат да ја прикријат, секој од свој агол на гледање, но сепак за своја корист и несоздавање болка и рана во својот дом (општество).
Штета, 21 век, нема промена, историјата се повторува, никој не сака да погледне повисоко кон вистинските вредности, секој е затворен во својот магичен круг и тој околу себе и ништо друго не е важно. Тоа е тажно. Космополитизмот како прекрасен правец на размислување не постои на Балканот.
Но сепак н
è
има, тука сме, свесни кои сме, што сме, а за идните генерации секако дека ќе останеме тоа што сме - Македонци. Од тоа не треба ни да се срамиме, ниту да се жалиме, напротив, како такви сме се родиле и никој тоа не може да ни го одземе. Јас така се чувствувам, така ме третираат пријателите од соседството, кои се во голем број, така н
è
третираат и сите останати земји, а мене тоа ми се допаѓа. Политиката е таа која или не знае или не сака да си создава болка. Ако има болка - има начин таа да се излекува, еднаш засекогаш. Јас сум да ја излекуваме и секој да создава нешта што ќе остават трага за неговото живеење на земјава. Секој да си ја изврши својата мисија за која е дојден на овој свет.
Повеќе во 45 број на LiFE магазин