LIFE

Митрите од Рајчица - духовен „HAUTE COUTURE“

Ако Господ е љубов и ако нешто се прави во името Господово тогаш тоа се прави со најголема љубов и во најмала рака зрачи со божествена убавина - заклучувате во истиот миг кога непосредно ќе се судрите со врвната уметност слеана во форма на митра - епископската круна

Сигурно никој не останува рамнодушен пред достоинственоста, убавината, раскошот и отменоста на митрите, неизоставниот дел, врвниот елемент на архиерејската одежда, при најголемите богослужби. Дека е тоа врвна класа, изработка од најпрефинет вид само по себе се подразбира, но интригантното прашање оди во насока каде и кој овој најспецифичен вид „висока мода“ го изработува. Нашето љубопитство не одведе во манастирот „Св. Ѓеорѓиј Победоносец“, сместен во живописната Рајчица во дебарскиот крај, каде што со впечатлив спокој бевме пречекани од монахињите Варвара, Анастасија и Елисавета.  

Нарачка за Грција-великопосна

Детал на панагија на митрата на в.п. Вартоломеј

Митра на Вселенскиот патријарх, Вартоломеј

Митра за Атина со седефни икони

Митра со 8 икони за леринскиот владика

д.Калник, Романија

Митра за воденскиот владика, д.Јоил

Кога нештото е послушание тоа ја повлекува благодата Божја тоа да се направи како што треба


Тие, заедно со останатите, севкупно десетина монахињи во манастирот, се оние во чии раце оживува убавината на круните на духовните отци – епископите - токму она по што овој манастир ќе стане бележит во православниот свет. За само неполни десет години откако манастирот добил послушание и благослов за изработка на митрите од игумен Партениј од Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, монахињите ќе изработат над 270 уникатни митри, не само за сите македонски владици и епископи туку доверба ќе добијат и од епископите од Балканот, Русија, Америка, од вселенскиот патријарх... Кога ќе ги видите митрите, ви станува јасно и зошто. Она што на прв поглед ќе ве плени е умешноста, беспрекорноста и особено посебноста на изработката. Тајната е, велат, пренесена од митрополит Геласиј, преку игуменот, архимандрит Партениј, кој уште како млад имал желба да ја научи вештината. Но вистината е дека овие, слободно може да се каже - уметнички дела, се протегаат далеку над занаетчиската извештеност. Па иако ниту една од монахињите немала никакво предзнаење ниту препознаена наклонетост кон рачната работа, не само што за сосем кусо време се упатуваат во тајната, туку со секоја новоизработена митра се надминуваат во вдахновеноста за креација.

„Кога нештото е послушание тоа ја повлекува благодата Божја тоа да се направи како што треба. Пред тоа немавме никакво искуство, но веднаш почнавме со изработка. Со секоја митра сè повеќе се усовршуваме, се извештуваме, така што се гледа разликата од нашите први митри до последниве. Се гледа разликата во квалитетот на изработката, иако почнавме веднаш, без некое посебно време за вежбање - вели монахињата Варвара.

 

Повеќе во 45 број на LiFE